Со 10 проценти повеќе гласови од останатите партии, лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов прогласи победа на парламентарните избори во Бугарија. Победа издвојува, но дали партијата може сама да формира Влада? Со оглед на фактот дека за три години, земјата имаше седум пати избори.
-
Свет 28.10.2024 13:18
-
Свет 28.10.2024 12:58
Во Грузија најавени протести по победата на владејачката партија „Грузиски сон“
Меѓународната заедница повика на опсежна истрага за пријавените нерегуларности, откако опозицијата во Грузија обвини за руско мешање во исходот на парламентарните избори во кои победата ја однесе владејачката проруска партија „Грузиски сон“.
-
Свет 28.10.2024 12:06
Јапонската владејачка коалиција го загуби мнозинството на парламентарните избори
Јапонската владејачка коалиција го загуби мнозинството на парламентарните избори зголемувајќи ја неизвесноста во однос на составот на идната влада и економската ситуација во земјата. Најголем победник на изборите е главната опозициска Уставна демократска партија.
-
Свет 28.10.2024 11:57
Во Доха нов обид за примирје на војната во Газа
Во Доха почнуваат обновените разговори за примирје во Газа. Хамас најави сеопфатен договор за итен прекин на војната со повлекување на израелските трупи и размена на палестински затвореници за сите заложници. Претходно Египет првпат излезе со предлог за дводневен прекин на насилствата.
-
Свет 28.10.2024 10:17
Борисов прогласи победа на изборите во Бугарија
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов прогласи победа на парламентарните избори во Бугарија. Партијата освои речиси 10 проценти повеќе од „Продолжуваме со промените“ и десничарската „Демократска Бугарија“.
Катерина Топалова известува од Софија.
-
Свет 28.10.2024 08:48
ГЕРБ на Борисов победи на предвремените избори во Бугарија
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов прогласи победа на парламентарните избори во Бугарија. ГЕРБ освои 25 насто од гласовите, речиси 10 проценти повеќе од „Продолжуваме со промените“ и десничарската „Демократска Бугарија“. Сепак Борисов, за да формира Влада ќе мора да коалицира.
-
Свет 28.10.2024 08:07
Зеленски: Украина го проширува форматот на соработка со северноевропските земји
Одбранбените сили на Киев ги одбиваат нападите кај Селидов додека Русите упорно се обидуваат да ја пробијат одбраната, велат од Генералштабот на украинската армија.
-
Свет 28.10.2024 08:07
Иран: Не бараме војна со Израел, но ќе дадеме соодветен одговор
Не бараме војна со Израел, но нема да отстапиме пред нивната агресија-Техеран се закани за одмаздничкиот напад на Тел Авив. Израел возвраќа-подготвени сме на сите сценарија.
-
Свет 28.10.2024 08:07
Грузиската претседателка повика на протести, тврди дека изборите се украдени
По победата на владејачката „Грузиски сон“ на парламентарните избори во Грузија, претседателката повика на протести против изборниот резултат кој според неа е тотален фалсификат и целосна кражба на гласови.
-
Свет 27.10.2024 13:27
Иран пред одлука како ќе одговори на нападот
Израелските удари на Иран го втурнаа Блискиот Исток поблизу до амбисот. И покрај гласните повици од меѓународната заедница, Иран решителен за одговорот на израелската воздушна операција во која имаше загинати ирански војници.










