Израелскиот премиер Нетанјаху свика итен состанок на кабинетот. Се стеснуваат целите за планираниот одговор на иранскиот ракетен напад. Вашингтон уверува – нема индикации за таргетирање нуклеарни постројки, цел ќе бидат воени и енергетски инфраструктури.
-
Свет 13.10.2024 12:16
-
Свет 13.10.2024 10:49
Најмалку 20 лица повредени во железничка несреќа во Египет
Најмалку 20 лица се повредени во железничка несреќа во јужен Египет.
Според надлежните, локомотивата на патничкиот воз кој патувал за Каиро се откачила и повлекла два вагони во вода.
Ова втора несреќа за еден месец поради запоставениот железнички систем.
-
Свет 13.10.2024 10:46
Ураганот Лесли се приближува кон Европа
По тропската бура Кирк, ново невреме и се заканува на Европа. Ураганот Лесли се доближува до Западниот Брег на стариот континент и се очекува веќе следната недела неговото влијание да се почувствува во Португалија и Шпанија.
-
Свет 13.10.2024 09:53
Израелската армија затвори области околу неколку градови на северот на Израел
По безбедносната проценка, израелската армија ги затвори за јавност областите околу некои градови на северот на Израел, чии жители беа евакуирани поради ракетни истрели од Хезболах.
-
Свет 13.10.2024 09:16
Украинската армија цврсто ги држи позициите во регионот Курск, вели Зеленски
Украинската новинарка Викторија Рошчина која исчезна во август минатата година во делот од земјата окупирана од руските сили, е прогласена за мртва. Москва, на која и требаа 9 месеци да потврди дека ја привеле новинарката, не ги наведе причините за смртта.
-
Свет 13.10.2024 09:15
Прв круг од парламентарните избори во Литванија
Во Литванија се одржува прв круг на парламентарни избори, за новиот состав гласаат околу 2,4 милиони луѓе. Се бираат 70 пратеници кои потоа ќе се придружат во едномандатните изборни единици што освоиле над 50 насто од гласовите.
-
Свет 13.10.2024 08:42
Земјотрес во Врање, почувствуван и во Македонија
Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во близина на северната граница на Македонија со Србија, на 10 километри од Врање. Земјотресот бил почувствуван во Куманово и Берово.
-
Свет 12.10.2024 21:15
Земјотрес од 6,2 степени по Рихтер ја погоди Костарика
Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Костарика.
Како што јави EMSC, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 19 километри недалеку од границата со Никарагва.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени.
-
Свет 12.10.2024 13:57
Жителите на Флорида соочени со безброј предизвици по ураганот
Поплави, прекини на струја и недостиг на гас. Жителите на Флорида соочени со безброј предизвици откако ураганот Милтон го погоди Западниот Брег. Властите прават проценки на штетите, додека продолжуваат спасувачките акции.
-
Свет 12.10.2024 12:23
Продолжуваат жестоките борби меѓу Русија и Украина
Разгорени борби на украинскиот фронт. Русија го нападна Запорожје, повредени се три лица, оштетени куќи и индустриски објекти. Силите на Киев возвратија во Луганск. Гори складиште за нафта. Жестоко и на фронтот во Курск. Извршен воздушен удар врз украинските трупи.










