Францускиот претседател Емануел Макрон го назначи Мишел Барније за нов премиер на земјата.
73-годишниот поранешен еврокомесар доаѓа на функцијата по речиси два месеци од одржувањето на парламентарните избори во земјата.
Францускиот претседател Емануел Макрон го назначи Мишел Барније за нов премиер на земјата.
73-годишниот поранешен еврокомесар доаѓа на функцијата по речиси два месеци од одржувањето на парламентарните избори во земјата.
Свеќи, солзи и неверување во дворот на средното училиште Виндер во Џорџија. Се оддава почит за жртвите, убиени од 14-годишниот Колт Греј, кој ладнокрвно упадна во објектот и со огнено оружје усмрти двајца ученици и двајца наставници, оставајќи уште девет ранети.
Тревога за воздушен напад врз Киев. Побарано е граѓаните да останат во засолништа. Украинскиот претседател Зеленски вели дека сите дефинирани цели на операцијата во Курск се спроведуваат.
Германската полиција застрела осомничено лице во близина на Музејот за злосторствата на нацистичкиот режим и израелскиот генерален конзулат во Минхен.
Израел треба да ги спроведува антитерористичките операции во Газа против поединци вклучени во тероризам и поединци кои претставуваат закана за цивилите, но не и против поширокото палестинско население, став на Стејт Департментот.
Двајца наставници и двајца ученици загинаа во напад со огнено оружје во Џорџија. Бирото за истраги соопшти дека лицето кое отворило оган во средно училиште во Виндер е 14-годишен ученик. Во нападот има над 30 повредени.
Сите дефинирани цели на операцијата во Курск се спроведуваат, истакна украинскиот претседател. По последните напади врз Лавов и Криви Рих, Зеленски вели дека е важно светот да го види рускиот терор.
Коридорот Филаделфија мора да остане цврсто под контрола на Израел, а Хамас нема да ослободи заложници доколкуИзраел се откаже од своето воено присуство, истакна премиерот Нетанјаху.
Најмалку четири лица загинаа, а околу триесет се повредени во денешното пукање во средно училиште во американската држава Џорџија.
Засега не е јасно колку од повредените имаат прострелни рани, а информациите за бројот на жртвите се променуваат, велат од полицијата.
Полицијата во градот Бон во Германија застрелала маж кој претходно со нож повредил две лица.
Напаѓачот подоцна починал во болницата.
Повредени се жена (43) и маж (32). На местото на нападот им била укажана помош.