Опасниот и исклучително моќен ураган „Берил“ стигна до копното на карипскиот остров Кариаку. Ветерот од 240 км на час, однесе покриви, корнеше дрвја и предизвика штети на југоисточниот дел на Карибите.
-
Свет 02.07.2024 08:46
-
Свет 02.07.2024 08:42
Во Грција евакуација поради шумските пожари
Наредбите за евакуација и натаму се во сила поради шумските пожари што продолжуваат да беснеат низ Грција. 10 илјади жители и туристи се сместени на безбедно.
-
Свет 02.07.2024 08:40
Во Украина жестоки борби на истокот, Зеленски бара оружје
Засилени руски напади врз неколку украински региони. Најжестоките битки се водат на истокот. На земјата очајно и е потребна дополнителна воена поддршка, вели претседателот Зеленски. -
Свет 02.07.2024 08:36
Нетанјаху: Израел е блиску до елиминација на Хамас
Израел е блиску до елиминација на Хамас, тврди премиерот Нетанјаху. Ја потврди посветеноста на владата дека ќе ги уништи воените и управувачките способности на милитантната група со надеж оти нападот од 7 октомври никогаш нема да се повтори.
-
Свет 01.07.2024 21:04
Финскиот парламент ја ратификуваше спогодбата за одбрана со САД
Финскиот парламент ја ратификуваше спогодбата за одбрана со САД, која ќе овозможи зголемено воено присуство на американски војници и складирање на американска воена опрема во Финска.
-
Свет 01.07.2024 20:29
Во Италија регистрирани се повеќе од 900 случаи заразени со норовирус
Во италијанската општина Тори дел Бенако на езерото Гарда регистрирани се повеќе од 900 случаи заразени со норовирусот, а над 300 се хоспитализирани поради дијареја, мачнина, грчеви или треска.
Се претпоставува дека вирусот се проширил преку водоводот и водата за пиење.
-
Свет 01.07.2024 11:50
Радев го врачи мандатот за формирање на новата бугарска влада
Откако освои најмногу гласови на последните, шести избори за три години, десно-центристичката ГЕРБ го доби мандатот од бугарскиот претседател Румен Радев.
-
Свет 01.07.2024 11:07
Унгарија од денеска претседава со ЕУ
Претседателството на Унгарија со Европската унија под мотото „Да ја направиме Европа повторно голема“ го враќа проширувањето меѓу приоритетите.
-
Свет 01.07.2024 10:36
Радев му го врачи првиот мандат за формирање влада на ГЕРБ-СДС
Бугарскиот претседател Румен Радев денеска му го врачи мандатот на Росен Желјазков за да состави влада. Според Уставот на Република Бугарија, Радев додели мандат за формирање влада на најголемата пратеничка група – ГЕРБ-СДС.
-
Свет 01.07.2024 10:19
Антивладини протести во повеќе израелски градови
Илјадници ултраортодоксни Евреи во Израел протестираат против регрутирањето во војската. Полицијата се судри со демонстрантите кои се противат на одлуката на Врховниот суд да почнат да се пријавуваат за воена служба. Чуварите на редот употребија водени топови за да ја растераат толпата.










