• Свет 03.07.2024 16:58

    Продолжува политичката криза во Бугарија

    Продолжува политичката криза во Бугарија. Народно собрание ја отфрли номинацијата на Росен Жељазков за премиер. Против неговата кандидатура гласаа 138 пратеници, а за беа 98 пратеници од коалицијата ГЕРБ-СДС и 30 народни избраници на ДПС.

  • Свет 03.07.2024 09:48

    Велика Британија утре гласа за новиот парламентарен состав

    Граѓаните на Велика Британија утре гласаат за новиот парламентарен состав. Според експерти, исходот би можел да биде историски. Предизборните анкети укажуваат на пораз на конзервативците, кои се на власт 14 години, и триумф на британската Лабуристичка партија.

  • Свет 03.07.2024 09:06

    Нов инвестициски фонд на ЕУ од 1,2 милијарди евра за Западен Балкан

    Со новиот, шести економски и инвестициски фонд од 1,2 милијарди евра за Западен Балкан, ЕУ ќе финансира осум проекти за водоснабдување и канализација, третман на отпадни води, железнички сообраќај и зелена трансформација на малите и средни претпријатија.

  • Свет 03.07.2024 08:52

    Одложена пресудата за Трамп во Њујорк

    Изрекувањето на пресудата за поранешниот претседател Доналд Трамп за случајот со прекривање пари и фалсификување деловни досиеја е одложена најмалку до септември.

  • Свет 03.07.2024 08:48

    САД обезбеди 2,3 милиони долари помош за Украина

    Пентагон најави дополнителни 2,3 милијарди долари безбедносна помош за Украина. Пакетот вклучува противтенковско оружје, пресретнувачи и муниција за Патриот и други системи за противвоздушна одбрана.

  • Свет 03.07.2024 08:44

    ООН реагира за новата евакуација во Газа

    Обединетите нации тврдат дека околу 250.000 луѓе живеат во областите во јужниот дел на Газа каде Израел нареди нова масовна евакуација.

  • Свет 02.07.2024 21:31

    Најмалку 116 луѓе се убиени во стампедо во северна Индија

    Најмалку 116 луѓе се убиени во стампедо на верски собир во северна Индија, изјави полицискиот инспектор генерал Шалаб Матур, пренесува „Би-би-си“. Инцидентот се случил на сатсанг (хинду религиозен настан) во областа Хатрас во државата Утар Прадеш.

  • Свет 02.07.2024 19:14

    Силно невреме го погоди регионот, има и жртви

    Невремето во Црна Гора предизвика хаотична состојба, со трагичен биланс од три жртви. На ривиерата во Чањ, турски државјанин го загуби животот, второто лице загина од гром во местото Радовиќи, третото поради истата причина во Луштица.

  • Свет 02.07.2024 12:35

    Суперќелиска бура го зафати регионот

    Град со големина на тениски топчиња, пороен дожд и силни ветришта уништуваа покриви и возила во континенталниот, источен дел на Хрватска. Погодена е областа на Жупања, во местото Бошњаци невремето создаде состојба која наликува на воена.

  • Свет 02.07.2024 11:50

    Орбан во прва посета на Украина по почетокот на руската инвазија

    Унгарскиот премиер Виктор Орбан во прва посета на Киев од почетокот на војната во Украина, ден откако Унгарија го презеде претседавањето со ЕУ.

Pages