Не стивнуваат нападите во Газа. Жртви и повредени во гранатирање на училиште на ООН. Погодени се и живеалишта. Израелската армија соопшти дека мета биле милитантите на Хамас кои планирале напади од внатрешноста на училиштето.
-
Свет 12.09.2024 08:38
-
Свет 12.09.2024 08:30
САД и Велика Бритианија со дополнителна помош за Украина од речиси 1,5 милијарди долари
САД и Велика Британија ветија дополнителна помош за Украина од речиси 1,5 милијарди долари. Американскиот државен секретар Блинкен во Киев најави повеќе од 700 милиони долари главно наменети за зајакнување на енергетската мрежа.
-
Свет 11.09.2024 19:38
Порака за евакуација на грчкиот остров Крит
Голем пожар избувна попладнево во близина на местото Платаниа кај градот Ханиа во североисточниот дел на грчкиот остров Крит, а од бројот за итно случаи 112 беше испратена порака за евакуација до сите што се во непосредна близина, јави дописничката на МИА од Атина.
-
Свет 11.09.2024 18:57
Голем пожар на подрачјето на Света Гора, Грција
Пожар во шумска површина на подрачјето на Света Гора, Грција а на терен се неколку противпожарни единици, се вели во соопштението.
За гаснење мобилизирани се 45 пожарникари, 11 возила, како и повеќе специјализирани единици. Исто така, од воздух се гаси со два хеликоптери.
-
Свет 11.09.2024 12:36
Вербални судири на дебата меѓу Харис и Трамп
Политичко соочување со вербални судири кои излегуваат од рамките на вообичаената реторика на американските политичари. Првите анкети на американската телевизиска мрежа покажуваат-во двочасовната дебата Камала Харис предизвикала целосна дефанзива на ривалот.
-
Свет 11.09.2024 12:23
Над 140 загинати по тајфунот „Јаги“ во Виетнам
Бројот на загинати во Виетнам од тајфунот Јаги се искачи на 141, лице. Обилните врнежи предизвикуваат нагло зголемување на Црвената река и се заканува да ги поплави централните области на главниот град Ханој.
-
Свет 11.09.2024 12:15
Блинкен и Лами на средба со Зеленски во Киев
Долгорочен напредок на Украина на воен и економски план и континуираната поддршка за одбрана од руската агресија во фокусот на разговорите меѓу американскиот државен секретар Блинкен и шефот на британската дипломатија Лами. Двајцата со воз отпатуваа во Kиев на средба со Зеленски.
-
Свет 11.09.2024 09:02
Земјотрес од 4,2 степени во Грција
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала е забележан утрово во реонот на Коринтскиот залив.
Според моментално достапните информации, епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Калитеа, блиску до туристичките дестинации долж брегот.
-
Свет 11.09.2024 08:47
Израелски напад врз камп за Палестинци, најмалку 19 загинати
Најмалку 19 лица загинаа, а 60-ина беа ранети во израелски напад врз преполн камп за Палестинци. Цел на нападот биле истакнати милитанти на Хамас. Министерството за здравство во Газа
-
Свет 11.09.2024 08:45
Зеленски: Одговор кон секој што и помага на Русија
Украинскиот претседател Зеленски рече дека ќе консолидира силен глобален одговор на која било сила што ги помага руските воени напори и го поттикнува или продолжува конфликтот меѓу Киев и Москва.









