Израелските вооружени сили најавија дека ќе преземаат дневни тактички паузи во рамките на нивните операции во јужниот дел на Појасот Газа за да овозможат испорака на поголема количина хуманитарна помош.
-
Свет 16.06.2024 10:11
-
Свет 15.06.2024 12:37
Денеска и утре во Швајцарија нов самит за Украин
Дводневна мировна конференција за Украина во Бургеншток на езерото Луцерн, Швајцарија. Стотина лидери и меѓународни организации учествуваат на собирот. Главна тема е да се направи мировен план и да се притисне Москва да ја заврши војната. Сепак, Русија, како и Кина не учествуваат.
-
Свет 15.06.2024 11:30
Макрон: Франција се соочува со сериозен историски момент пред изборите
Франција се соочува со сериозен историски момент пред парламентарните избори, изјави францускиот претседател Макрон. За политичките сојузи формирани пред изборите, вели дека се маневрирање и истите не можат да ги покријат длабоките разлики, особено околу Украина и Газа.
-
Свет 15.06.2024 10:11
Сирил Рамафоса реизбран за претседател на Јужна Африка
Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса е реизбран за втор мандат. Пратениците го изгласаа откако неговата партија „Африкански национален конгрес“ постигна коалициски договор со главната опозиција и други партии.
-
Свет 15.06.2024 10:04
Г 7 го повикаа Израел да ги почитува човековите во Газа и да се воздржи од офанзивата во Рафах
Лидерите на седумте водечки светски земји го повикаа Израел да ги почитува човековите права во војната во Газа и да се воздржи од голема офанзива во Рафах.
-
Свет 15.06.2024 09:52
ЕУ се согласи за почеток на пристапните преговори со Украина и Молдавија
Амбасадорите на Европската унија официјално договорија почеток на пристапните преговори со Украина и Молдавија, соопшти белгиското претседателство со унијата.
-
Свет 15.06.2024 09:19
Во Швајцарија почнува дводневната мировна конференција за Украина, ќе учествува и Зеленски
Во Швајцарија денеска почнува дводневна мировна конференција за Украина на која ќе учествуваат високи претставници на околу сто земји и на меѓународни организации.
-
Свет 14.06.2024 19:00
Почна годишниот аџилак во Мека
Денеска почна годишниот аџилак во Мека, каде се собраа повеќе од милион и пол муслимански верници кои во екот на војната во Газа порачаа дека се молат за жителите на палестинската територија.
-
Свет 14.06.2024 18:20
Германската полиција заплени десетици тони кокаин во вредност од неколку милијарди евра
Во координирана акција на рации во седум сојузни покраини, германската полиција заплени десетици тони кокаин во вредност од неколку милијарди евра и уапси седум лица.
Инспекторите наведуваат дека ова е најголемата заплена на кокаин во Германија.
-
Свет 14.06.2024 12:00
50 милијарди долари, нова помош за Киев
Војна на дронови меѓу Русија и Украина. И двете страни тврдат за успешни напади и пресретнати ракети. Во Харков повторно гори. Во руски напад изгорени згради и автомобили, повредени нема. Надвор од фронтот, позитивни сигнали од самитот Г-7.










