Одложена одлуката Украина да го користи оружјето со долг дострел од западните сојузници за напади на руска територија.
-
Свет 14.09.2024 12:00
-
Свет 14.09.2024 09:41
Бајден: Не мислам многу на заканите од Путин, тој нема да победи во Украина
Американскиот претседател Бајден и британскиот премиер Стармер ја одложија одлуката за дозвола на Украина да ги користи ракетите со долг дострел за напади врз руска територија кои ги доби од западните земји.
-
Свет 13.09.2024 20:49
Уапсен 18-годишник за смрт на три лица во Англија
Тинејџер е уапсен под сомнение дека убил три лица во стан во англискиот град Лутон, објави Скај њуз. Полицијата утринава околу 5 часот и 30 минути добила пријава, а итната помош излегла на терен и констатирала смрт на три лица. Набргу потоа, 18-годишникот бил уапсен и приведен на распит.
-
Свет 13.09.2024 14:28
Воен авион за обука се урна во воздухопловна база во Бугарија
Воен авион за обука се урна во воздухопловната база „Граф Игњатиево“ во Бугарија, при изведување маневар на мала надморска височина. Со авионот управувале двајца пилоти.
За време на инцидентот падобраните не се отвориле. Како последица на падот на авионот избувнал пожар.
-
Свет 13.09.2024 12:22
Европа се подготвува за поплави, пристигнува циклонот „Борис“
Со движењето на студениот бран над Европа кон исток, по Словенија падна првиот снег и во Хрватска. Поради минувањето на циклонот „Борис“, Европа се подготвува за поплави. Вклучени се сите метео аларми на Јадранот.
-
Свет 13.09.2024 11:51
Путин предупреди на опасноста од отворен конфликт со НАТО поради ракетите со долг дострел
Се разгорува дебатата за прашањето, дали Украина ќе употреби западно оружје со долг дострел на руска територија. Британскиот премиер во Вашингтон на средба со американскиот претседател Бајден, откако Лондон и Париз одобрија употреба на оружјето од нивно производство надвор од Украина.
-
Свет 13.09.2024 10:57
Вработените во Боинг го одбија понуденото зголемување на платата, ќе штрајкуваат
Механичарите, вработени во компанијата „Боинг“ во САД масовно излегоа на штрајк. Бараат зголемување на платите за 40 насто. Не се согласија со понуденото од раководството на „Боинг“, платите да им бидат зголемени за 25 проценти.
-
Свет 13.09.2024 09:58
Москва почна контранапад во Курската област
Со цел да спречат ескалација, САД нема да дозволат Украина да употреби балистички ракети со долг дострел од Британија и Франција, кои Киев ги користи во пограничните области со Русија, објави британски „Тајмс“.
-
Свет 13.09.2024 09:17
Северна Кореја за првпат призна дека има капацитет за збогатување ураниум
Северна Кореја за прв пат јавно откри дека има капацитет за збогатување ураниум. Според државните медиуми на Пјонгјанг, лидерот Ким Џонг Ун за време на посетата на контролната соба во капацитетот за збогатување ураниум повикал да се зголеми производството на нуклеарен арсенал за самоодбрана.
-
Свет 13.09.2024 08:53
Трамп објави дека нема да учествува во втора дебата со Харис
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп објави дека нема да учествува во втора дебата со Камала Харис. Според него, Харис ги одбила претходните можности и го загубила дуелот во вторникот вечерта.










