Училиштен автобус удрил во толпа ученици и родители кои стоеле пред училишната капија во кинескиот град Таијан во провинцијата Шандонг. Би-би-си јавува дека најмалку 11 лица загинаа, меѓу кои и пет деца. 12 повредени лица се во стабилна состојба.
-
Свет 03.09.2024 09:01
-
Свет 03.09.2024 08:52
Путин во посета на Монголија
Рускиот претседател Путин пристигна во Монголија на негово прво патување во земја-членка на Меѓународниот кривичен суд, откако беше распишана потерницата против него поради сомнение за нелегална депортација на украински деца во Русија.
-
Свет 03.09.2024 08:42
Продолжуваат руските напади, борбите се водат во осум правци
Едно лице загина, а тројца се повредени во најновиот руски напад врз Дњепропетровск. Украинската армија соопшти дека борбите се водат во осум правци. Москва истакнува дека зазеле уште едно место во регионот на Доњецк.
-
Свет 03.09.2024 08:29
Нетанјаху побара прошка од семејствата на киднапираните
Додека пред резиденцијата на израелскиот премиер протестираа илјадници гневни демонстранти поради неуспехот на премиерот да обезбеди договор за ослободување на заложниците, Нетанјаху побара прошка од семејствата на киднапираните што не можеле да ги вратат живи.
-
Свет 02.09.2024 21:19
САД го заплени авионот на претседателот на Венецуела Мадуро
САД го заплени авионот на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, откако утврдија дека санкциите од САД биле прекршени при купување на авионот. Авионот бил запленет во Доминиканската Република.
Претставници на американските власти денеска со авионот полетале за Флорида.
-
Свет 02.09.2024 18:32
Путин пристигна во Монголија во официјална посета
Владимир Путин пристигна денеска во официјална посета на Монголија, членка на Меѓународниот кривичен суд (МКС), кој побара негово апсење.
-
Свет 02.09.2024 18:05
Турција аплицираше за членство во БРИКС
Турција официјално побара членство во групата БРИКС, со цел да го зајакне своето глобално влијание и да изгради нови врски надвор од традиционалните западни сојузници, објави денеска Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори.
-
Свет 02.09.2024 16:08
Германската екстремна десница со „историска“ изборна победа на истокот
Бјорн Хеке, локалниот лидер на партијата која освои 32 од 88 места во националниот парламент, беше претходно казнет поради користење нацистички слоган. Хеке е професор по историја, неговата партија за првпат од втората светска војна треба да ја предводи германската држава Тирингија.
-
Свет 02.09.2024 11:35
Огласени сирени за тревога во Украина
На стартот на учебната година огласени сирени за тревога во Украина. Русија го нападна Киев со крстаречки и балистички проектили – соборени се 20, оштетен е влезот на метростаницата која служи како засолниште.
-
Свет 02.09.2024 10:58
Две лица загинаа во невремето што го погоди северот на Филипините
Две лица загинаа во невремето што ги зафати северните региони на Филипините.










