Во Србија денеска се одржаа локални избори во 89 градови и општини каде право на глас имаа над 4,2 милиони граѓани. Избирачките места беа отворени во 7:00 часот, а затворени во 20:00 часот, по што ќе бидат објавени првите прелиминарни резултати.
-
Свет 02.06.2024 21:14
-
Свет 02.06.2024 20:09
Се судрија два авиони на аеромитинг во Португалија
Најмалку едно лице загина во несреќата што се случи денеска на аеромитингот Беја во Португалија, кога се судрија два авиони.
Несреќата се случила околу 16 часот по локално време, додека пилотите изведувале маневри.
-
Свет 02.06.2024 19:04
Италија одбележува 78 години од основањето на Републиката
По повод 78-годишнината од основањето на Република Италија, италијанскиот претседател Серџо Матарела денеска во Рим на споменикот на Олтарот на татковината положи ловоров венец на споменикот на Непознатиот херој.
-
Свет 02.06.2024 16:22
Се урна зграда во Истанбул
Едно лице загина, седум се повредени при уривање на зграда во округот Кучукчекмеџе, во Истанбул, соопштија турските власти. Пет од повредените лица се превезени во болница, останатите две се изјасниле оти не им е потребна медицинска помош.
-
Свет 02.06.2024 16:17
Земјотрес ја погоди Грција
Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала се случи денеска околу пладне во близина на грчкиот остров Китнос.
Оваа информација ја објави Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, каде што е почувствуван земјотресот.
-
Свет 02.06.2024 15:42
Неколку дена до европските парламентарни избори
Зборот „проширување“ стана табу во Европа по референдумот во 2005 година.
-
Свет 02.06.2024 15:31
Денеска во Србија се одржуваат локални избори
Од 7 часот наутро во Белград и во цела Србија се гласа на повторените избори за градот Белград, но и за уште 88 други градови и општини, меѓу кои се и Ниш, Нови Сад, Суботица, Ваљево и Чачак и други градови.
-
Свет 02.06.2024 13:36
Од 6 до 9 јуни се одржуваат европските парламентарни избори
Од 6-ти до 9-ти јуни се одржуваат европските парламентарни избори. Жителите на 27-те земји членки на Унијата избираат за 720 членови, а пратеничките мандати се распределуваат според бројот на населението во земјите.
-
Свет 02.06.2024 13:30
Во Србија локални избори во 89 градови и општини
Во Србија денеска се одржуваат локални избори во 89 градови и општини. Граѓаните на Белград гласаат по вторпат за шест месеци, откако во декември никој не обезбеди мнозинство. Дел од опозициските партии ги бојкотираат овие избори. Оливер Бранковиќ се јавува од Белград.
-
Свет 02.06.2024 11:48
Притисок да се прифати предлогот
Планот за примирје во Газа го тресе кабинетот на Нетанјаху. Дел од министрите кои доаѓаат од крајната десница се заканија со оставки и пад на Владата доколку премиерот се согласи со планот што го претстави американскиот претседател Бајден.










