Нови жестоки руски напади врз Киев и центарот на Лавов. Има жртви и повредени. Погодена и зградата на универзитетот во Суми.
-
Свет 04.09.2024 09:35
-
Свет 04.09.2024 08:32
Рим под вода по силно, но кратко невреме
Рим под вода по кратка но силна бура што ја зафати централна и јужна Италија по долг период на топлотен бран. За помалку од еден час наврнале 60 литри дожд на квадратен метар. Многу делови од градот беа поплавени, а дрвја беа урнати од силниот ветер.
-
Свет 04.09.2024 08:30
Прашањето за заложниците во Газа, во фокусот на јавноста
Советот за безбедност заседава по итно барање на израелскиот пратеник за прашањето на заложниците кои ги држи Хамас во Газа. Убиствата на заложниците ја нагласуваат итноста на преговорите за прекин на огнот, соопшти Белата куќа.
-
Свет 04.09.2024 08:21
Руски напад врз Киев и Лавов
Жесток руски напад во текот на ноќта врз Киев и центарот на Лавов. Погодена и зградата на универзитетот во Суми. Над Белгород соборени украински дронови. Полска ги подигна авионите.
-
Свет 03.09.2024 18:58
Руските обвинители сепак ќе покренат истрагата за смртта на Навални
Протераниот соработник на Алексеј Навални, Иван Жданов, објави официјален допис на обвинителите од областа Јамал-Сконенец за поништување на одлуката на истражителот, со која беше спречена истрагата за смртта на рускиот опозициски лидер.
-
Свет 03.09.2024 16:07
Десетици загинати во руски ракетен напад врз централна Украина
Десетици загинати и околу 200 повредени во два руски напада со балистички проектили во Полтава, централна Украина. Властите велат дека ракетите биле истрелани набргу по воздушната тревога по што луѓето немале време да се засолнат.
-
Свет 03.09.2024 12:47
Путин во Монголија, и покрај налогот за апсење
Односите со Монголија се меѓу приоритетите на руската надворешна политика во Азија.
-
Свет 03.09.2024 12:30
Монсунски дождови во југоистокот на Индија, најмалку 33 загинати
Најмалку 33 луѓе загинаа во обилните монсунски дождови и поплави што го зафатија југоистокот на Индија. Голем број куќи во Андра Прадеш и Телагана се урнаа во налетот на надојдената вода. Сообраќајот е во прекин, а спасувачките тимови го евакуираат населението од погодените места.
-
Свет 03.09.2024 12:23
Протест на Србите вработени во паралелните институции на северот на Косово
Срби вработени во паралелните институции на северот на Косово, повторно се собраа пред зградата на општината со барање да се вратат на работа откако и синоќа беа одбиени да влезат во објектите од косовската полиција кои останаа затворени од петокот.
-
Свет 03.09.2024 12:14
Вооружен маж упадна во болница во Загреб, во тек се преговори со напаѓачот
Вооружен маж со пиштол упаднал во просториите на загребската болницата Ребро. Според медиумите лекарите и другиот персонал се заклучиле во канцелариите со пациентите, а полицијата и










