• Свет 29.08.2024 14:11

    ОН бара Израел да ги запре воените операции

    Обединетите нации бараат Израел да ги запре воените операции во Западниот Брег. Тел Авив тврди дека има право да се брани од иранскиот терор. Во нападите во Газа погодено хуманитарно возило кое се движело во конвој, УНРВА соопшти дека од почетокот на војната во Газа изгубила 212 вработени.

  • Свет 29.08.2024 12:16

    Макрон во дводневна посета на Србија

    Францускиот претседател, Емануел Макрон, пристигнува во дводневна посета на Србија. Главен фокус на средбата со неговиот колега Вучиќ, се европските интеграции на Србија.

    Според агендата, францускиот претседател треба да одржи и говор на Форумот за млади и вештачка интелигенција.

  • Свет 29.08.2024 12:02

    Киев под „масовни напади“ од Русија

    Трет руски напад врз Киев за четири дена. Одбраната на Украина соборила над 10 беспилотни летала над градот. Возврати со удар врз Белгород. Руските власти потврдија дека има жртви и повредени. Трупите на Киев напредуваат во Курск, руските сили во правец на Покровск.

  • Свет 29.08.2024 11:00

    Кина ги предупреди САД да ја прекинат воената соработка со Тајван

    Американскиот советник за национална безбедност ја завршува посетата на Пекинг. Со оглед на состојбата во светот и потребата за одговорно управување со односите меѓу САД и Кина, мислам дека ова е многу важен состанок, изјави Саливен на средбата со високиот кинески воен функционер, Џанг Јуксиа.

  • Свет 29.08.2024 09:57

    Земјотрес со јачина од 5,4 степени го погоди Авганистан

    Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Авганистан.

    Земјотресот бил на длабочина од 224 километри, но добро се почувствувал.

  • Свет 29.08.2024 09:41

    Продолжуваат нападите меѓу Русија и Украина

    Трет руски напад врз Киев за само четири дена. Одбраната на Украина соборила над 10 беспилотни летала над градот. Возврати со удар врз Белгород. Руските власти потврдија дека има жртви и повредени. Трупите на Киев напредуваат во Курск, руските сили пак, во правец на Покровск.

  • Свет 29.08.2024 09:38

    Тајфунот Шаншан ја погоди југозападна Јапонија

    Десетици повредени, и исчезнати откако тајфунот Шаншан го погоди островот Кјушу на југозападот од Јапонија. Во градот Јуфу вклучен црвен аларм откако река се излеа од коритото.

  • Свет 29.08.2024 09:36

    Израел соопшти дека убил пет палестински борци во џамија на Западниот Брег

    Израел ја продолжува операцијата на Западниот Брег. Убиени уште пет вооружени лица во џамијата Тулкарем, меѓу нив и локалниот лидер на милитантите. ООН повикаа на итен прекин на операциите додека Тел Авив тврди дека има право да се брани од иранскиот терор.

  • Свет 28.08.2024 19:09

    Ситуацијата на Блискиот Исток будно се следи во Вашингтон

    Ситуацијата на Блискиот Исток будно се следи и во Вашингтон. Официјални лица на Белата куќа го поздравија спасувањето на израелскиот заложник кој случајно бил откриен во тунелите на Хамас.

  • Свет 28.08.2024 12:00

    Британскиот премиер Стармер во посета на Германија

    Британскиот премиер, Кир Стармер е во Германија, негова прва посета во странство како шеф на британската влада.

Pages