Русија стави вето на резолуцијата на ООН спонзорирана од САД и Јапонија, со која се повикуваат сите нации да спречат опасна трка за нуклеарно вооружување во вселената. Русија ја отфрли мерката како политизирана и рече дека не оди доволно далеку во забраната на сите видови оружје во вселената.
-
Свет 25.04.2024 08:48
-
Свет 25.04.2024 08:36
Премиерот Санчез се повлекува од јавност
Шпанскиот премиер Педро Санчез се повлекува од јавните должности и ќе размисли дали ќе остане на функцијата откако неговата сопруга Бегоња Гомес се најде под истрага за корупција.
-
Свет 25.04.2024 08:34
Хамас сака примирје, но под свои услови
Хамас е подготвен на примирје со Израел и ќе го остави оружјето доколку се формира независна палестинска држава и ќе се вратат палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции.
-
Свет 25.04.2024 08:26
Бајден ја потпиша мерката за помош на Киев
Американскиот претседател ја потпиша мерката за воена помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван. Од средствата, 61 милијарда долари се наменети за Киев.
-
Свет 24.04.2024 13:58
Блинкен пристигна во Шангај на тридневни разговори со кинески претставници
Американскиот државен секретар Блинкен пристигна во Шангај на тридневни разговори со кинески претставници. Блинкен патува – кратко време по разговорот меѓу претседателот Џо Бајден и кинескиот лидер си Џинпинг.
-
Свет 24.04.2024 11:57
Зеленски благодарен на САД и другите сојузници за најавената помош
По месеци одложување, Сенатот на САД го одобри долгоочекуваниот пакет-помош за Украина од 61 милијарда долари.
-
Свет 24.04.2024 11:11
Рации низ Сиднеј, уапсени тинејџери екстремисти
Во рации низ Сиднеј, австралиската полиција уапси седум тинејџери обвинети за следење на екстремистичка идеологија. Биле дел од мрежата поврзана со момчето кое пред извесно време изврши напад во црква прободувајќи бискуп и ранувајќи уште неколкумина.
-
Свет 24.04.2024 10:57
Атина обвиена од сахарска прашина
Атина и јужните делови на Грција повторно обвиени со сахарска прашина. Жолто-портокаловите нијанси создава нереална атмосфера во градот, но здравствените власти предупредија на штетното влијание врз здравјето на граѓаните.
-
Свет 24.04.2024 10:56
Нови смртни случаи на мигранти во каналот Ла Манш, меѓу нив и дете
Нови смртни случаи на мигранти во каналот Ла Манш. Пет лица го загубија животот, меѓу нив и 7-годишно дете.
Неколку часа откако Британија најави дека ќе ги депортира во Руанда сите коишто ќе влезат нелегално во земјата, голем број чамци преполни со луѓе испловиле од Францускиот брег.
-
Свет 24.04.2024 10:42
Голем антивладин протест во Буенос Аирес
Стотици илјади Аргентинци излегоа на улиците во Буенос Аирес на антивладин протест, револтирани поради кратењето на буџетот на државните универзитети.










