Бројот на загинати во поплавите во Кенија продолжува да расте по последниот инцидент во реката Тана откако се преврте чамец полн со луѓе. Екипите успеале да спасат 23 лица, но по десетици сè уште се трага.
-
Свет 29.04.2024 11:04
-
Свет 29.04.2024 09:50
Напад врз полиција во Русија, има загинати
Во руската Република Карачаево - Черкезија на Кавказ, синоќа била нападната полицијата. Напаѓачите со автомобил до привремената полициска станица, фрлиле експлозивна направа и отвориле оган од автоматско оружје, се вели во соопштението.
-
Свет 29.04.2024 09:39
Грција воведува шестдневна работна недела
Од 1-ви јули годинава стапува на сила одредбата за шестдневна работна недела. Одредбата не мора да ја почитуваат компании и стопанства чија работа не е континуирана, односно кои и досега не работеле пет дена неделно.
-
Свет 29.04.2024 09:14
Дипломатска офанзива за примирје
Израел ги одобри плановите за продолжување на војната во Газа. Подготвени за евакуација на населението од Рафах. САД се противат на планот на Тел Авив. Нов телефонски повик на линија Бајден-Нетанјаху. Преговорите за прекин на огнот сè уште се во тек-потврди Белата куќа.
-
Свет 29.04.2024 09:00
Земјотрес со јачина од 4,3 степени го погоди Крит
Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала го погоди грчкиот остров Крит, 60 километри североисточно од Ираклион, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот се случил во 07:24 часот по локално време, на длабочина од 10 километри.
-
Свет 29.04.2024 08:55
Жртви и повредени по торнадото во Оклахома
Најмалку 4 жртви, меѓу нив и дете во торнадото што ја зафати американската сојузна држава Оклахома. Повредени сè уште десетици. Екипите за итни случаи ја проценуваат огромната штета по силното невреме кое донесе ветрови, град и поплави. Десетици илјади домаќинства се без струја.
-
Свет 29.04.2024 08:53
Киев бара итно испорака на помош од САД
Москва го обвинува Киев за бомбардирање на неколку села и градови под руска контрола во изминатите 24 часа.
-
Свет 29.04.2024 08:49
Продолжуваат обидите за постигнување примирје во Газа
Израелската армија подготвена да ги евакуира палестинските цивили од Рафах пред да ги нападне упориштата на Хамас. Генералштабот ги одобри плановите за продолжување на војната во Газа. Нов телефонски повик на линија Бајден-Нетанјаху. САД и натаму се противат на планот на Тел Авив.
-
Свет 28.04.2024 20:24
Папата Франциск во посета на Венеција
Папата Франциск замина денеска на своето прво патување надвор од Рим по седум месеци, посета на Венеција која вклучуваше уметничка изложба, затвор и миса. Папата одржа три говори и проповед за време на неговиот петчасовен престој.
-
Свет 28.04.2024 14:42
Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови
Војната во Газа неминовна тема на состанокот на Светскиот економски форум во Ријад. Палестинскиот претседател со предупредување – Израел во наредните денови ќе го нападне Рафа. САД се единствените што можат да го спречат во намерата.










