Пожари во Калифорнија, Орегон, Аризона, Вашингтон, како и во Канада, го исполнија небото во регионите на западниот дел на САД со чад и магла.
Некои области издадоа предупредување за квалитетот на воздухот.
Пожари во Калифорнија, Орегон, Аризона, Вашингтон, како и во Канада, го исполнија небото во регионите на западниот дел на САД со чад и магла.
Некои области издадоа предупредување за квалитетот на воздухот.
САД и Израел мора да бидат обединети, истакна израелскиот премиер во обраќањето пред Конгресот. Во говорот, Нетанјаху зборуваше за потребата да се создаде безбедносен сојуз на Блискиот Исток со кој би се спротивставиле на заканите од Иран.
Министерот за одбрана на Венецуела го предводеше поставувањето на таканаречениот „План Република“, што подразбира воено распоредување, логистика и безбедност за време на претседателските избори во земјата.
Кина го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на Украина и нема да испорачува оружје на Москва. Ваква потврда добил украинскиот претседател Зеленски, откако министерот за надворешни работи Кулеба разговараше со властите во Кина.
Америка и Израел мора да бидат обединети, истакна израелскиот премиер во обраќањето пред Конгресот. Во говорот, Нетанјаху го пофали американско-израелското единство и поддршката од претседателот Џо Бајден.
Одлучив дека најдобриот пат напред е да го предадам факелот на нова генерација, истакна во обраќање од Овалната сала претседателот Џо Бајден и заокружи 50 години во политиката.
Половина милион Британци се упатија кон Париз. Познатата англиска еуфорија, и не само таа, ќе биде контролирана од француските безбедносни служби помогнати со колегите од Кралството и од земјите на Европската Унија. Современите безбедносни методи го отежнуваат бизнисот.
Пекинг изрази подготвеност за понатамошна соработка со Киев. Министерот за надворешни работи на Украина во посета на Кина првпат по руската инвазија во 2022 година. Кинеските власти тврдат дека се подготвени да одиграат конструктивна улога во решавањето на војната.
Францускиот претседател го паузираше формирањето Влада поради Олимпијадата.
Според Макрон, постои безбедносен предизвик, а нема да именува нов премиер пред крајот на Игрите во средината на август.
Авионот на непалска авиокомпанија, со 19 патници и членови на екипажот се урна при полетување во Катманду.
Полицијата потврди дека повеќето патници се инженери и технички персонал на компанијата. Во несреќата спасен е пилотот и со тешки телесни повреди е пренесен во болница.