Саудиските власти соопштија дека повеќе од 1,5 милиони аџии пристигнале во земјата пред официјалниот почеток на аџилакот во петок.
Верскиот собир се смета за еден од петте столбови на исламот.
Саудиските власти соопштија дека повеќе од 1,5 милиони аџии пристигнале во земјата пред официјалниот почеток на аџилакот во петок.
Верскиот собир се смета за еден од петте столбови на исламот.
Изобилните дождови предизвикаа поплави на шпанскиот остров Мајорка. Преполните одводни канали го блокираа сообраќајни во градот Палма де Мајорка.
Синот на американскиот претседател Џо Бајден, Хантер, е прогласен за виновен по три обвиненија за нелегално купување и поседување оружје во време додека бил зависник.
На хуманитарната конференција за Газа во Јордан, Генералниот секретар на Обединетите нации, вели дека е крајно време за прекин на огнот. Изјавата следи еден ден откако Советот за безбедност со големо мнозинство ја одобри резолуцијата за ставање крај на осуммесечната војна меѓу Израел и Хамас.
Русија изврши воздушен напад врз Киев со крстосувачки и балистички ракети и беспилотни летала. Предупредувањето за воздушен напад траело неколку часа низ Украина, вклучително и пограничните региони на границата со Полска.
Синот на американскиот претседател Џо Бајден, Хантер Бајден е прогласен за виновен по сите три обвиненија во федерално судење за оружје. Хантер беше беше обвинет за давање лажни изјави при купување оружје во октомври 2018 година и прикривање на неговата зависност од дрога во тоа време.
Во Берлин нов сигнал на солидарност со Киев. Дводневна конференција за поддршка и обнова на Украина, уништена по руската инвазија. Зеленски повика на помош за реконструкција на електричната мрежа во неговата земја, обновувајќи ги и повиците за поголема воена помош.

Пожар го зафати еден од најпознатите пазари во Тајланд. Стотици животни, чувани во кафези-угинаа. Официјални лица велат дека повеќе од еден час им бил потребен да ги стават пламените јазици под контрола.
Советот за безбедност на Обединетите нации го поддржа предлогот на претседателот Џо Бајден за прекин на огнот во три фази меѓу Израел и Хамас во рок од шест недели. 14 членки на Советот гласаа „за“ резолуцијата, ниту една против, додека Русија беше воздржана.