Утринава силен земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Турција, јавува EMSC.
Според информациите, земјотресот е регистриран во 08:55 часот по локално време на длабочина од 8 километри.
Утринава силен земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Турција, јавува EMSC.
Според информациите, земјотресот е регистриран во 08:55 часот по локално време на длабочина од 8 километри.
Федералниот апелационен суд го замрзна контроверзниот закон за имиграција во Тексас, еден од најтешките закони од ваков вид донесен од една американска држава во поново време. Одлуката дојде, само неколку часа откако Врховниот суд дозволи мерката СБ-4 да стапи на сила во очекување на жалба.
Стејт департментот бара итно да продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина за динарот. Вашингтон изрази загриженост поради декретот за ограничување на увозот и употребата на српскиот динар во Косово и повика на деескалација на тензиите.
Јужнокорејски танкер се преврте во близина на остров во југозападна Јапонија. Спасени се шестчлена на екипажот, по петмина сè уште се трага
Апелациониот суд го замрзна новиот закон за имиграција на Тексас што значи дека локалната и државната полиција ќе може да апси и гони осомничени за илегално преминување на мексиканската граница. Администрацијата на претседателот Бајден законот го нарече неуставен.
Германија најави нова помош од 500 милиони евра за Киев. Зеленски им се заблагодари на сојузниците за новите одбранбени пакети.
Се поголем број новороденчиња во Газа се на работ на смртта од акутен глад-соопшти СЗО, уште еднаш остро предупредувајќи за влошената хуманитарна ситуација. Меѓународната заедница треба да се срами што не успеала да ја спречи ситуацијата во која над милион луѓе се загрозени – велат во ООН.
Во американската база во Рамштајн, Германија, американскиот министер за одбрана Остин ги собра министрите за одбрана на 50-те земји-членки на контакт групата за Украина. Состанокот е свикан за да се спречи успехот на Путин во земјата, рече шефот на Пентагон. Побара обединетост во поддршката.
САД го зголемуваат притисокот врз Израел. Нетанјаху не попушта. Офанзивата на Рафах – тема на телефонскиот разговор со американскиот претседател Бајден.
13 луѓе се заробени при уривање на рудник за злато во руската област Амур. Поради инцидентот е прогласена регионална вонредна состојба.