Израел има три предуслови за воспоставување мир во Појасот Газа, порача премиерот Нетанјаху. Хамас мора да биде уништен, Газа мора да се демилитаризира и палестинското општество мора да се дерадикализира, пишува Нетанјаху во авторскиот текст објавен во „Волстрит журнал“.
-
Свет 26.12.2023 09:41
-
Свет 25.12.2023 19:31
По вчерашните насилни протести, во Белград марш на незадоволни граѓани
Белград беше под неколкучасовна блокада. Протестираа студентите кои ја поддржаа коалицијата „Србија против насилство“. Бараат да се ревидира избирачкиот список и да се поништи изборниот процес, бидејќи сметаат дека е направен изборен грабеж.
-
Свет 25.12.2023 17:43
Поплави во делови од Германија
Дожд и силен ветер ја погодија Германија на Божиќ, а невреме се очекуваат во Везер, Елба и на брегот на Северното Море.
Во Виндхаузен во Тирингија нивото на водата достигна 70 сантиметри поради обилните врнежи, а околу 400 луѓе се евакуирани.
-
Свет 25.12.2023 17:09
Студенти го блокираа центарот на Белград, бараат нови избори
Белград е под неколкучасовна блокада. Протестираат студентите кои ја поддржаа коалицијата „Србија против насилството“. Бараат да се ревидира избирачкиот список и да се поништи изборниот процес, бидејќи сметаат дека е направена изборен грабеж.
-
Свет 25.12.2023 13:59
Уапсени триесет и осум демонстранти на синоќешниот протест во Белград
Триесет и осум демонстранти се уапсени, а десетици полицајци се повредени на синоќешниот протест во Белград. Маскирани лица ја нападнаа зградата на градското собрание. Полицијата употреби солзавец. Има повредени припадници на полициските сили.
-
Свет 25.12.2023 12:53
Божиќ во сенката на двете војни во Украина и во Израел
Божиќ во сенката на двете војни во Украина и во Израел. Меѓу двата напада на руските оружени сили, украинскиот претседател Зеленски за првпат им го честиташе раѓањето на Исус според новиот календар.
-
Свет 25.12.2023 11:57
Карван мигранти тргна од Мексико кон границата со САД
Карван мигранти од централна и јужна Америка тргна од Мексико кон границата со САД. До 8.000 луѓе од сите возрасти, главно од Венецуела, Куба и Мексико, се дел од поворката со транспарент на кој пишува „Егзодус на сиромаштијата“.
-
Свет 25.12.2023 11:57
Голема полициска акција на новогодишната ноќ во Берлин
Полицијата во Берлин најави голема полициска акција на новогодишната ноќ. На улиците ќе бидат распоредени до 2.500 полицајци. Според властите, засилените безбедносни мерки се резултат на тензиите во заедницата предизвикани од војната во Газа и искуството од претходната новогодишна ноќ.
-
Свет 25.12.2023 11:48
Египет со нов предлог за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас
Објавен новиот план на Египет за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во три фази. Во првата и втората фаза, кои би траеле од 7 до 10 дена, се предвидува ослободување израелски заложници и војници во замена за палестински затвореници.
-
Свет 25.12.2023 10:06
Обид на опозицијата да влезе во Градското собрание во Белград, полицијата употреби солзавец
Повеќе од 30 демонстранти се уапсени во полициска акција во центарот на Белград, по инцидентите на протест на опозицијата која бара поништување на изборите во Србија. Конфликтот меѓу полицијата и дел од демонстрантите почна пред Собранието во Белград.









