• Свет 28.12.2023 13:00

    Војната продолжува, пристигнаа „Леопарди“ од Данска

    Дански предбожикен подарок за Украина. Доставени се 10 тенкови од најновата германска воена технологија „Леопард“, вкупно се планирани стотина, дел од данските седум милијарди евра помош. Инструкторите ги тренираа украинските посади во текот на изминатава година.

  • Свет 28.12.2023 12:20

    Се интензивираат гранатирањата меѓу Израел и Либански Хезболах

    Се интензивира размената на оган меѓу Израел и шиитската проирански милиција Хезболах во Либан. Расте загриженоста од проширување на војната на Блискиот Исток. Тел Авив објави дека е во состојба на готовност поради нападите.

  • Свет 28.12.2023 11:40

    Поплави ја зафатија Европа

    Речиси 1.200 километри во Унгарија се под предупредување за поплави, а реката Дунав ја достигна највисоката точка во Будимпешта.

    Поради зголемениот водостој почна отстранувањето на возилата по кејот. Поплави и во Германија. Особено е тешка состојбата во Долна Саксонија.

  • Свет 28.12.2023 11:40

    Најмалку 11 загинати, над 50 повредени во сообраќајна несреќа во Турција

    Најмалку 11 лица загинаа, а повеќе од 50 се повредени во верижен судар во северозападна Турција.

    Во несреќата учествувале седум возила, меѓу кои три автобуси и камион на автопатот Северна Мармара во провинцијата Сакарија. Причината за несреќата сè уште не е утврдена.

  • Свет 28.12.2023 10:45

    Изборен молк во Србија

    Изборен молк во Србија, во пресрет на повторени избори на повеќе од 30 избирачки места. Право на глас на повторените парламентарни избори имаат 15 илјади 566 граѓани. Истиот ден ќе се повтори гласањето на три избирачки места во Белград, на локалните избори за градското Собрание.

  • Свет 28.12.2023 10:42

    Украинските системи соборија седум од осум беспилотни летала „Шахед“

    Украинските системи за противвоздушна одбрана соборија седум од осум беспилотни летала „Шахед“ кои беа лансирани во текот на ноќта. Руското Министерство за одбрана соопшти дека спречило напад на украинско беспилотно летало на Крим.

  • Свет 28.12.2023 09:48

    Макрон побара итен прекин на огнот во Појасот Газа

    Нова размена на оган меѓу Израел и Хезболах. Тел Авив одговори и објави дека е во состојба на готовност поради нападите од територијата на јужен Либан.

  • Свет 27.12.2023 20:41

    Убиецот од Прага претходно убил маж и двомесечно бебе

    Чешката полиција денеска соопшти дека пронашла писмо од студентот кој на 21-ви декември уби 14 лица во пукањето на Универзитетот Карло во Прага, во кое тој признал дека претходно убил 32-годишен маж и двомесечно бебе во шумата Клановице.

  • Свет 27.12.2023 14:58

    Возилата со косовски регистрации ќе може слободно да се движат на територијата на Србија

    Српската влада усвои одлука со која возилата со косовски регистрации може слободно да се движат на територијата на Србија од 1-ви јануари. На граничните премини ќе биде објавено оградување со кое одлуката не треба да се толкува како признавање на независноста на Косово.

  • Свет 27.12.2023 14:36

    Загинати и повредени во силната бура во Австралија

    Загинати и повредени во силната бура што ги зафати австралиските источни држави Квинсленд и Викторија. Повеќе од 80.000 домаќинства се без електрична енергија, а над 120 илјади се погодени од постојани прекини во електроснабдувањето.

Pages