Телефонските линии и интернет-конекциите се враќаат во Газа. Експлозии и натаму се слушаат во појасот. Следува долга и тешка војна – изјави израелскиот премиер Нетанјаху.
-
Свет 29.10.2023 10:01
-
Свет 29.10.2023 09:34
Масовни протести за крај на насилството во Газа
Масовни протести низ светот со барање да се стави крај на насилствата и на страдањата на луѓето од Газа. Илјадници луѓе маршираа во Лондон, Рим, Берлин, Њујорк, Истанбул.
Во британската престолнина имаше судири меѓу полицијата и демонстрантите, уапсени над 300 луѓе и во Њујорк.
-
Свет 28.10.2023 18:05
Над 35 загинати во верижна сообраќајна несреќа во Египет
Над 35 загинати, повеќе од 60 повредени во верижна сообраќајна несреќа на патот Каиро – Александрија во Египет.
Автобус се забил во паркиран автомобил, по што во него влетале другите возила и настанал пожар.
Во сообраќајната несреќа учествувале 30-ина возила.
-
Свет 28.10.2023 14:52
Казахстан: Најмалку 32 лица загинаа во пожар во рудник
Најмалку 32 рудари загинаа, а по 14 сè уште се трага по пожар во рудник со кој управува француската компанија „Арчелор Митал“ во Казахстан, соопштија властите.
-
Свет 28.10.2023 14:13
Масовниот убиец пронајден мртов
По 48 часа поминати во страв и неизвесност, жителите на градот Левистон во американската сојузна држава Мејн, можат да бидат поспокојни. Заврши интензивната потрага по осомничениот за масакрот во која беа вклучени над 350 полицајци.
-
Свет 28.10.2023 13:11
Израел ја засили офанзивата, напади и од копно
Пешадија, оклопни возила, масивни напади од воздух и море. Тел Авив и официјално ја објави новата копнена офанзива во Газа. Се вооружуваат доброволци додека израелските тенкови и војска се трупаат на границата.
-
Свет 28.10.2023 10:53
САД се подготвени да преземат понатамошни дејствија по нападите врз цели поврзани со Иран
Американскиот претседател Џо Бајден испрати писмо до конгресните лидери откако нареди напади врз неколку локации во Сирија поврзани со корпусот на гардата на Исламската револуција на Иран, по серијата напади врз американските сили на Блискиот Исток.
-
Свет 28.10.2023 10:00
Засилени воздушни и копнени напади, Газа отсечена од светот
Жестоки гранатирања врз палестинската енклава. Израелски воени возила и стотици војници на границата со Газа. Тел Авив ја засили воената операција. Оневозможени сите комуникациски услуги во појасот каде што се случија најинтензивните бомбардирања досега. Погодени 150 подземни цели.
-
Свет 28.10.2023 09:09
Осомничениот за масовното пукање во Мејн пронајден мртов
Осомничениот за масовното пукање во американската сојузна држава Мејн, во кое беа убиени 18 лица, е пронајден мртов, потврди гувернерката на државата Мејн, Џенет Милс.
-
Свет 27.10.2023 16:21
Хуманитарната криза во Газа се влошува
И покрај стотиците убиени и киднапирани цивили во нападите на 7-ми октомври, портпаролот на Хамас, Гази Хамад, во интервју за ББС тврди дека нападите биле дел од воена операција, а единствена цел биле војници.










