Американскиот секретар за одбрана Остин, стравува дека Русија ќе напредува во војната против Украина доколку САД не ја продолжат поддршката за Киев.
-
Свет 01.11.2023 09:49
-
Свет 31.10.2023 19:50
Брисел: Посетата на претседателката на ЕК на Западен Балкан е јасен показател за важноста на процесот на проширување
Посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на земјите од Западен Балкан е јасен показател за важноста што ЕУ му го придава на процесот на проширување, велат од Брисел.
-
Свет 31.10.2023 19:35
„Олаф лаже“- климатски активисти протестираа во Берлин
Климатски активисти на нов протест во Берлин. Членовите на групата „Последна генерација“, испишаа „Олаф лаже“ на белата фасада на канцеларијата во Берлин.
Според активистите, тврдењата на владата дека мерките против климатската катастрофа се доволни „се лага опасна по живот“.
-
Свет 31.10.2023 19:00
Француската полиција застрела жена која упатувала закани во воз
Француската полиција застрела жена која упатувала закани во воз во Париз. Службата за вонредни ситуации реагирала откако еден од патниците пријавил дека жена, која носела хиџаб, упатувала разни закани и извикувала „Алах е голем“.
-
Свет 31.10.2023 17:03
Проширувањето е на врвот на агендата, порача Фон дер Лајен од Белград
Урсула фон дер Лајен во Белград изјави дека проширувањето е на врвот на агендата на ЕУ и сака Србија да се приклучи, додека Вучиќ изјави дека одговорно ќе се посвети на исполнување на обврските.
-
Свет 31.10.2023 12:43
Во Газа продолжуваат уличните борби и ракетирања
Израелските сили упаднаа во тајните тунели на Хамас. Тврдат дека го убиле Насим Абу Аџина-член на Хамас кој го наредил масакрот на 7-ми октомври. Уличните борби и ракетирања продолжуваат. Вкрстен оган и меѓу Израел и Либан.
-
Свет 31.10.2023 12:32
Поплави во северна Италија
Поплави во северна Италија. Се излеа реката Севезо, голем број населби во Милано останаа под вода. Дождови и поплави се пријавени во Парма, Пјаченца и во близина на Џенова.
-
Свет 31.10.2023 12:21
Заложничка драма во Јапонија
Заложничка драма во Јапонија. Вооружен маж отвори оган пред болница во јапонската префектура Саитама, во близина на Токио.
Повредени се две лица. Во обид да се скрие од властите се упатил во поштата во близина, каде што земал непознат број луѓе како заложници.
-
Свет 31.10.2023 12:21
Продолжува војната со беспилотни летала
Киев и Москва ја продолжуваат војната со беспилотни летала. Во руско гранатирање на Керсон има загинати и повредени.
Оштетени станбени области и административни згради. Напади и врз Одеса.
-
Свет 31.10.2023 09:56
Црна Гора доби нова Влада
Со 46 гласа за и 19 против и еден воздржан, црногорскиот Парламент изутрината ја избра Владата предложена од мандатарот Милојко Спајиќ. Во новата Влада се министрите од движењето „Европа“ сега на Спајиќ, демократот Бечиќ и албанската Национална партија и СНП.










