Дводневен самит во близина на Лондон посветен на ризиците од вештачка интелигенција. Шефови на технолошки компании, истражувачи и лидери од земјите од Европа и светот дискутираат за ризикот од губење на работни места, кибер-напади и контролата врз системите.
-
Свет 01.11.2023 19:03
-
Свет 01.11.2023 14:53
Руските сили нападнале повеќе од 100 локации во изминатото деноноќие
Борбите во Украина продолжуваат. Руските сили нападнале повеќе од 100 локации во изминативе 24 часа. Во текот на ноќта украинската противвоздушна одбрана соборила 18 од 20 беспилотни летала Шахед и една ракета. Регионалните власти известуваат за жртви и повредени.
-
Свет 01.11.2023 14:22
Конфликтот на Блискиот Исток се заканува да прерасне во тотална војна
Конфликтот на Блискиот Исток се заканува да прерасне во тотална војна. Тел Авив го зголеми присуството со воени бродови во Црвено Море, откако проиранските Хути од Јемен ги засилија нападите со дронови и ракети.
-
Свет 01.11.2023 13:18
Граничниот премин „Рафа“ кон Египет отворен првпат по конфликтот во Појасот Газа
Граничниот премин Рафа, кон Египет, отворен за првпат по конфликтот во Појасот Газа. Стотици луѓе се собраа, но се пропуштаат само тие со дозвола, меѓу нив и четворицата заложници што ги ослободи Хамас.
-
Свет 01.11.2023 12:15
Српскиот претседател ја потпиша одлуката за распуштање на Парламентот
Српскиот претседател ја потпиша одлуката за распуштање на Парламентот и објави дека вонредни избори ќе се одржат на 17-ти декември. Вучиќ, посочи дека е важно земјата да ги зачува мирот, стабилноста и да демонстрира демократија.
-
Свет 01.11.2023 12:12
Големи поплави погодија неколку земји во Европа
Силен ветер и поплави погодија неколку земји во Европа. Бурата Киаран зафати делови од Ирска. Издадени предупредувања луѓето да не патуваат. На удар на невремето неколку области во Велика Британија, издадени над 70 предупредувања за поплави.
-
Свет 01.11.2023 12:10
Шведски државјанин убиен во мафијашка пресметка во Сараево
Еден шведски државјанин е убиен, а друг повреден во мафијашка пресметка во Сараево. Според локалната полиција и двајцата биле со криминално досие и вклучени во трговија со дрога во Шведска.
Во врска со убиството уапсено е едно лице во градот Соколац, 40 километри северно од Сараево.
-
Свет 01.11.2023 12:08
Борбите во Украина продолжуваат
Борбите во Украина продолжуваат во правец на Купјанск, Харков и Луганск, во правец на Бахмут и јужен Доњецк, како и во насока на Шахтјор и Запорожје. Нападнат центарот на Херсон. Загина работничка од градската администрација, повредени се две лица.
-
Свет 01.11.2023 10:10
Десетици загинати и стотици ранети во израелски напад на бегалски камп
Од изутрина Појасот Газа повторно отсечен од светот. Исклучени се сите телекомуникациски услуги. Десетици загинати и стотици ранети во напад врз бегалски камп во Џабалија. Луѓето во очај трагаат под урнатините.
-
Свет 01.11.2023 09:50
Евакуација во Јужна Калифорнија поради големите шумски пожари
Издадена наредба за евакуација за 4.000 жители во Јужна Калифорнија поради големите шумски пожар. Околу 1.300 домаќинска мора да ги напуштат своите домови поради зголемениот ризик од пламените јазици.










