Над две илјади жртви во силните земјотреси од 6,3 степени по Рихтер што го погодија западен Авганистан. Од талибанската влада велат дека цели села се уништени, а стотици цивили и ната
-
Свет 08.10.2023 11:08
-
Свет 08.10.2023 09:38
Ракетни напади од Либан, Израел возврати
Израелската армија соопшти дека нападнала цели во Либан, откако Хезволах истрела неколку минофрлачки гранати. Проектилите паднале на подрачјето на спорната Голанска Висорамнина. Тел Авив го предупреди проиранското движење да не се вклучува во војната што вчера ја почна Хамас од Појасот Газа.
-
Свет 07.10.2023 18:24
Руте: Важно е дали земјите ќе бидат подготвени за влез во ЕУ
Проширување на ЕУ до 2030 година ќе биде можно единствено доколку земјите-кандидати бидат подготвени дотогаш, став на холандскиот премиер Марк Руте. Според него, проширувањето е макотрпен процес, кој бара аспирантите да се усогласат со европското законодавство.
-
Свет 07.10.2023 15:22
Расте бројот на жртви по поплавите во Индија
Најмалку 150 лица сè уште се водат како исчезнати по поплавите што го зафатија североисточниот дел на Индија на Хималаите. Спасувачката операција и натаму е во тек.
-
Свет 07.10.2023 15:15
Наезда на стеници во Франција, затворени 7 училишта
Франција затвори седум училишта поради наезда на стеници. Француската влада одржа серија состаноци по зголемениот број пријавени случаи.
Инсектите се забележани во париското Метро, брзите возови и на аеродромот „Шарл де Гол“ во Париз.
-
Свет 07.10.2023 15:11
Силниот земјотрес од 6,3 степени по Рихтер го погоди западен Авганистан
Најмалку 15 лица загинаа, а стотина се повредени во силниот земјотрес од 6,3 степени по Рихтер што го погоди западен Авганистан.
По силниот потрес следувале и неколку афтершокови.
-
Свет 07.10.2023 12:10
Ракетен напад од Газа, прогласена воена состојба во Израел
Воена состојба во Израел откако илјадници ракети беа истрелани од Појасот Газа. Апокалиптични сцени на улиците. Има жртви и десетици повредени. Во Ерусалим и во пошироката област на Тел Авив, сирени за тревога. На граѓаните им е наредено да не ги напуштаат домовите.
-
Свет 07.10.2023 09:40
Полска и Унгарија ја блокираа декларацијата за миграциска политика
Полска и Унгарија ја блокираа декларацијата за миграциска политика на самитот на ЕУ во Шпанија.
-
Свет 07.10.2023 09:26
Нападнат регионот Одеса
Руските сили го нападнаа регионот Одеса со противбродски ракети од типот „Оникс“, соопшти украинската армија. Од друга страна, руската противвоздушна одбрана тврди дека соборила украински дрон во близина на Москва.
-
Свет 07.10.2023 09:15
Ракетен напад врз Израел
Десетици ракети испукани од појасот Газа кон Израел, објавија израелските итни служби. Сирени за тревога се огласија низ целиот јужен дел, како и во пошироката област на Тел Авив. Израелската војска возвратила со ракетирање на цели во Газа. Има жртви и повредени. Прогласена воена состојба.










