Вооружен маж отворил оган на градилиште во Оукленд, Нов Зеланд при што загинаа две лица.
Напаѓачот е пронајден мртов по престрелката со полицијата, но не е утврдено дали бил застрелан или сам си го одзел животот.
Вооружен маж отворил оган на градилиште во Оукленд, Нов Зеланд при што загинаа две лица.
Напаѓачот е пронајден мртов по престрелката со полицијата, но не е утврдено дали бил застрелан или сам си го одзел животот.
Русија трет ден цели кон крајбрежните украински градови на југот од земјата.
Дваесетина лица се повредени во Миколаев откако нивните сили го погодија градскиот центар. Урната е и станбена зграда.
Според локалните власти, има и жртви. Повредени има и во нападите во Одеса.
Смртоносно невреме во неколку балкански земји. Во бурата во Хрватска, Босна и Словенија има загинати и повредени.
Спасувачките служби добиле стотици повици, а противпожарните екипи интервенирале на десетици локации.
Невремето што попладнево ги зафати Хрватска и Словенија стигна и до Нови Сад, каде што врне силен дожд и дува ветер, кој урива дрвја и огради, а се креваат и големи облаци од прашина.
Во Брисел дијалог на ниво на преговарачите за Косово и Србија. Главни теми на новата рунда разговори се договорот за спроведување на нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина и деескалација на ситуацијата на Северот.
Уште една ноќ во страв за Украинците. Инфраструктурни објекти во Одеса, погодени од руски ракети. Оштетени и неколку станбени згради. Киев нападнат со беспилотни летала. Противвоздушната одбрана ги одбила нападите.
Американски војник заврши во притвор во Северна Кореја откако илегално ја преминал границата што ја дели земјата со Јужна Кореја. Тој вчера попладне по локално време ненадејно преминал северно од административната линија.
Поранешниот претседател на САД, Трамп рече дека ако е на функција, би можел да ја заврши војната во Украина „за 24 часа“.
Премиерот Ли Кианг ги пофали односите на Кина со Алжир на средбата со претседателот на земјата, Тебуне. Кинескиот премиер рече дека двете земји се „добри пријатели“, повторувајќи го она што го кажа кинескиот претседател Си Џинпинг претходно.
Шумски пожари ги зафатија ридовите во близина на Атина властите ги затворија автопатите за да помогнат во заштитата на рафинеријата за нафта. Авиони и хеликоптери во обид да спречат два шумски пожари на запад од Атина.