Кинескиот дипломат Ванг Ји се сретна со поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер во Пекинг.
-
Свет 20.07.2023 12:50
-
Свет 20.07.2023 12:45
34 загинати и 12 повредени во судар на автобус и автомобил во Алжир
34 загинати, а 14 повредени во судир меѓу автобус и камион на автопат во јужен Алжир.
По ударот избувнала експлозија. Засега е непозната причината за несреќата.
Пред две недели, во северниот дел на оваа земја се случи слична автобуска несреќа во која настрадаа осуммина.
-
Свет 20.07.2023 12:23
Силно невреме го погоди Балканот
Граѓаните бараа засолниште откако силно невреме го погоди Белград, проследено со ветер и дожд. Многумина се повредени.
Пријавени се напукнати дрвја, паднати тули и откорнати покриви. Делови од градот останаа без струја. Аеродромот Сурчин беше привремено затворен.
-
Свет 20.07.2023 11:39
Напаѓачот од Окленд пронајден мртов по престрелката со полицијата
Вооружен маж отворил оган на градилиште во Окленд, Нов Зеланд, при што загинаа две лица. Напаѓачот е пронајден мртов по престрелката со полицијата, но не е утврдено дали бил застрелан или сам си го одзел животот. Во инцидентот има и четворица повредени цивили.
-
Свет 20.07.2023 11:26
Пожарот во Грција ставен под контрола
Пожарникарите во Грција успеаја да го стават под контрола пожарот, што од понеделникот се ширеше во западниот дел на Атика. Во Мегара во близина на Атина е предизвикана материјална штета, но и денеска се интервенира со воздушни средства поради постојани разорувања.
-
Свет 20.07.2023 09:12
Протест пред шведската амбасада во Багдад
Протест пред шведската амбасада во Багдад поради планираното палење на Куранот.
Демонстрантите влегоа во комплексот и предизвикаа мал пожар. Шведското МНР издаде соопштение во кои тврди дека персоналот бил стациониран на безбедно место.
-
Свет 20.07.2023 09:11
Маж отворил оган на градилиште во Оукленд
Вооружен маж отворил оган на градилиште во Оукленд, Нов Зеланд при што загинаа две лица.
Напаѓачот е пронајден мртов по престрелката со полицијата, но не е утврдено дали бил застрелан или сам си го одзел животот.
-
Свет 20.07.2023 09:09
Крајбрежните украински градови на југот од земјата, цели на руската војска
Русија трет ден цели кон крајбрежните украински градови на југот од земјата.
Дваесетина лица се повредени во Миколаев откако нивните сили го погодија градскиот центар. Урната е и станбена зграда.
Според локалните власти, има и жртви. Повредени има и во нападите во Одеса.
-
Свет 20.07.2023 09:05
Силно невреме ги зафати Хрватска, Србија, Босна и Словенија
Смртоносно невреме во неколку балкански земји. Во бурата во Хрватска, Босна и Словенија има загинати и повредени.
Спасувачките служби добиле стотици повици, а противпожарните екипи интервенирале на десетици локации.
-
Свет 19.07.2023 23:32
По големото невреме што ги зафати Словенија, БиХ, Хрватска и Србија има загинати и над 60 повредени
Невремето што попладнево ги зафати Хрватска и Словенија стигна и до Нови Сад, каде што врне силен дожд и дува ветер, кој урива дрвја и огради, а се креваат и големи облаци од прашина.










