• Свет 24.07.2023 09:12

    Соборени дронови над Москва

    Според руското Министерство за одбрана биле соборени два украински дрона кои се движеле кон Москва. „Беспилотните летала целеле кон ненаселени објекти, нема повредени ни материјална штета“, потврди градоначалникот на руската престолнина Собијанин.

  • Свет 24.07.2023 09:09

    Победа за конзервативната Народна партија во Шпанија

    Лидерот на шпанската опозициска конзервативна Народна партија (ПП), Алберто Нуњез Фејо, победи на предвремените избори, но и со поддршка на екстремната десница Вокс, тој нема мнозинство во парламентот.

  • Свет 24.07.2023 09:04

    Пожари на Крф и Пелопонез

    Противпожарните екипи во Грција се борат со 82 пожари низ целата земја, од кои 64 почнаа вчера, денот кој беше проценет како најтоплиот годинава.

  • Свет 23.07.2023 11:38

    Руски напад врз Одеса

    Едно лице загина, а уште 18 се повредени во рускиот напад врз Одеса изутринава. Уништени се административни и станбени згради, како и катедрала.

  • Свет 23.07.2023 09:14

    Подметнат пожар во ноќен клуб во Мексико

    Десетина лица загинаа, а шестмина се повредени во пожар во ноќен клуб во Мексико. Маж кој претходно вознемирувал група жени бил истеран од објектот, па се вратил и го опожарил.

    Инцидентот се случил во Сан Луис Рио Колорадо, на границата со Аризона.

  • Свет 23.07.2023 09:11

    Предвремени парламентарни избори во Шпанија

    Предвремени парламентарни избори во Шпанија. Гласачите одлучуваат меѓу нов мандат за социјалистите на премиерот Педро Санчез или шанса за десницата предводена од Алберто Фејхо чијашто Народна партија води во анкетите.

  • Свет 23.07.2023 09:09

    Напад врз Одеса, уништени се згради и катедрала

    Едно лице загина, а уште 18 се повредени во рускиот напад врз Одеса изутринава. Уништени се административни и станбена зграда, како и катедрала.

    Украинскиот претседател Зеленски разговарал со генералниот секретар на НАТО Столтенберг за прием во Алијансата.

  • Свет 23.07.2023 09:08

    Евакуација на грчкиот остров Родос

    Илјадници туристи и локални жители се евакуирани по копно и по вода од островот Родос, Грција поради пожарите кои постојано се разгоруваат во близина на најатрактивните туристички локации.

  • Свет 22.07.2023 19:03

    Се евакуираат туристи на грчкиот остров Родос, пожарот и понатаму вон контрола

    Веќе петти ден огнената стихија ги принудуваат грчките власти да издаваат наредби за евакуација на островот Родос.

  • Свет 22.07.2023 18:29

    Илјадници Израелци маршираат од Тел Авив до Ерусалим

    Илјадници Израелци маршираат од Тел Авив до Ерусалим продолжувајќи ги протестите против судските реформи, кои според демонстрантите, ќе ја нарушат демократската структура во земјата.

Pages