Илјадници лица се евакуирани по уривањето на браната Нова Каховка во Херсонската област. Неколкумина се водат за исчезнати. Нивото на водата се зголеми за 12 метри. Украинското Министерство за земјоделство со црни прогнози, проценува дека полињата би можеле да се претворат во пустина.
-
Свет 07.06.2023 11:26
-
Свет 07.06.2023 09:49
Финска ќе протера девет руски дипломати поради шпионажа
Финските власти денеска соопштија дека ќе протераат девет руски дипломати од Хелсинки поради нивните „разузнавачки активности“.
-
Свет 07.06.2023 09:31
Процена на штетата од смртоносниот земјотрес на Хаити
Властите на Хаити прават процена на штетата од земјотресот од 4,9 рихтери кој усмрти неколкумина на островот. Повредени се четириесетина лица.
Епицентарот на потресот бил во крајбрежниот град Џереми на длабочина од 10 километри.
-
Свет 07.06.2023 09:26
Двојно убиство на матурска прослава во Ричмонд, Вирџинија
Две лица загинаа, а неколку се ранети во пукотница во парк во Ричмонд, Вирџинија. Престрелката во која настрадаа татко и син се случила во кампусот на Универзитетот „Вирџинија Комонвелт“ за време на матурска церемонија.
Приведени се две лица, но едниот осомничен бил пуштен на слобода.
-
Свет 07.06.2023 09:24
Вучиќ: Целосна посветеност на дијалогот со Приштина
Претседателот на Србија Вучиќ на средбите со специјалните претставници на САД и ЕУ за дијалогот со Приштина Ескобар и Лајчак, потенцира дека неговата земја е целосно посветена на процесот преку постигнување на компромисни и одржливи решенија за подобрување на односите со Албанците.
-
Свет 07.06.2023 09:20
Илјадници евакуирани по уривањето на браната Нова Каховка
Илјадници лица се евакуирани по уривањето на браната Нова Каховка во Херсонската област. Нивото на водата се зголеми за 12 метри. Украинското Министерство за земјоделство процени дека полињата би можеле да се претворат во пустина.
-
Свет 06.06.2023 20:21
Земјотрес од 5 степени по Рихтер ја погоди Романија
Силен земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала денеска околу 19:25 часот ја погоди Романија.
Епицентарот бил во близина на градот Арад, на длабочина од девет километри, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
-
Свет 06.06.2023 19:30
Почна средбата на Вучиќ со Ескобар и Лајчак за Косово
Почна средбата на претседателот на Србија Александар Вучиќ, специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот на Белград и Приштина Мирослав Лајчак и специјалниот претставник ан Вашингтон Габриел Ескобар.
Тие ќе разговараат за актуелната ситуација на Косово.
-
Свет 06.06.2023 18:17
Силен земјотрес на Хаити, најмалку тројца загинати
Земјотрес со јачина од 4,9 степени утринава го погоди западниот дел на Хаити, при што загинаа најмалку три лица, а неколку се повредени, според извештаите на медиумите.
-
Свет 06.06.2023 18:09
Синдикатите во Франција на протест против пензиските реформи
Француските синдикалци повторно на протест против пензиските реформи. Го блокираа сообраќајот во Париз.
В четврток предвидена е парламентарна расправа за Нацрт-законот за укинување на старосната граница за пензионирање.










