Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се предаде синоќа во затвор во округот Фултон, Џорџија, како дел од судењето против него за обид за кражба на резултатот од изборите во оваа сојузна држава по претседателските избори во 2020-та година.
-
Свет 25.08.2023 09:10
-
Свет 24.08.2023 14:43
Прва републиканска дебата на кандидатите за претседател без присуство на Трамп
Во очекување на предавањето на Трамп на судските власти на Џорџија, кандидатите на републиканците, на првата дебата во Ајова, си разменија високи тонови на осуда. Поддршката на САД за Украина, правата за абортус и иднината на републиканците доминираа на соочувањето.
-
Свет 24.08.2023 14:33
Продолжува битката со огнената стихија во Грција
Натчовечки напори во битката со огнената стихија во Грција. Утринава е евакуирана населба во Атика.
-
Свет 24.08.2023 13:54
Путин се обрати на БРИКС
Уште шест земји се приклучуваат во БРИКС. Иран, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Аргентина, Египет и Етиопија ќе се приклучат на БРИКС од 2024 година.
-
Свет 24.08.2023 13:52
Петмина загинати во престрелка во бар во близина на Лос Анџелес
Најмалку пет лица загинаа, а неколкумина се ранети во престрелка во познат моторџиски бар во кањонот Трабуко во близина на Лос Анџелес.
-
Свет 24.08.2023 13:12
БРИКС од 1-ви јануари 2024 година ќе има шест нови членки
Уште шест земји се приклучуваат во БРИКС, меѓу нив Иран и Саудиска Арабија, објави јужноафриканскиот претседател Рамафоса на самитот во Јоханесбург.
-
Свет 24.08.2023 13:04
Руските власти ја потврдија смртта на Пригожин
Телата на загинатите во авионската несреќа во Русија, во областа Твер пристигнаа во Регионалното биро за судски медицински испитувања. Воздухопловот со седум патници и тројца членови на екипажот се урна на пат од Санкт Петербург до Москва.
-
Свет 24.08.2023 12:15
Зеленски го пофали својот народ за борбата за слобода на Денот на независноста
Украинскиот претседател Зеленски го пофали својот народ за борбата за слобода на Денот на независноста на земјата во време на руска инвазија.
На фронтот битките не запираат. Од украинското разузнавање велат дека во вчерашните напади уништени се два руски бомбардери.
-
Свет 24.08.2023 12:02
Пронајдено телото на Пригожин, објавија руските медиуми
Руските медиуми објавија дека по вчерашната авионска несреќа во близина на Москва е прнајдено телото на шефот на групата „Вагнер“ Евгениј Пригожин. Неговото тело е пренесено во Тверското регионално биро за судска медицина.
-
Свет 24.08.2023 09:56
„Вагнер“ најави брутална одмазда по смртта на Пригожин
По смртта на шефот на приватната воена компанија, Евгениј Пригожин, Телеграмските канали поврзани со Вагнер најавија брутална одмазда. Рускиот истражен комитет отвори кривична истрага по падот на авионот северно од Москва.








