• Свет 06.06.2023 13:56

    Трагедија во Панчево, маж со остар предмет ги убил сопругата и детето

    Руско семејство е пронајдено починато во населбата Котеж во Панчево. Според полицијата, 50-годишен маж со остар предмет ги убил сопругата и деветгодишното дете, а потоа се самоубил.

  • Свет 06.06.2023 12:31

    Продолжуваат протестите на Србите на северот на Косово

    Србите остануваат пред општинските згради на северот на Косово. Специјалните претставници на ЕУ и сад Лајчак и Ескобар од Приштина во Белград откако на косовскиот премиер Курти му ги претставија трите барања – деескалација, нови избори во неколкуте општини, враќање во процесот на дијалог.

  • Свет 06.06.2023 12:04

    Урната браната на Дњепар, евакуација на населението

    „Терористите нема да ја запрат Украина ни со вода ни со проектили“ – порача претседателот Зеленски кој свика итен состанок поради уништувањето на браната „Нова Каховка“ во Херсон. Десетици илјади луѓе се во критичната зона на десниот брег, поплави има во осум области по течението на Дњепар.

  • Свет 06.06.2023 09:55

    Кирби: Не заминуваме од Индопацификот

    Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, изјави дека не е сигурен каква порака сакала Кина да прати со инцидентот во Тајванскиот теснец, но доколку Пекинг се обидел да ги запре САД да оперираат во регионот, тоа немало да се случи.

  • Свет 06.06.2023 09:52

    Лајчак и Ескобар вечерва во Белград

    Србите повторно пред општинските згради во северно Косово. Европските и американските пратеници, Лајчак и Ескобар, вечерва во Белград откако во Приштина одржаа средби со премиерот Курти. Меѓународната заедница постави три барања.

  • Свет 06.06.2023 09:33

    Урната браната на Дњепар

    Големата брана во Нова Каховка, Херсон, беше уништена од гранатирање, а водата се излеа и поплави неколку околни подрачја. Руската страна тврди дека е терористички напад, а Киев за уривањето ги обвини трупите под команда на Москва.

  • Свет 05.06.2023 17:38

    Пукање во Љубљана, две лица убиени

    Пукање во Љубљана, две лица загинаа од прострелна рана. Во близина на местото на настанот е пронајден машки труп. Полицијата претпоставува дека се работи за извршителот на двократното убиство. Пронајдени се парчиња оружје и рачна бомба.

  • Свет 05.06.2023 15:59

    Радев го потпиша указот со предлог за избор на премиер Николај Денков

    Бугарскиот претседател Румен Радев го потпиша указот на 49. Народно собрание со предлог на втората по големина пратеничка група за премиер Николај Денков.

  • Свет 05.06.2023 13:37

    Кинески воен брод му го пресекол патот на американски разорувач во Тајванскиот теснец

    Кинески воен брод му го пресекол патот на американски разорувач во Тајванскиот теснец. Американската војска објави видео од кинески маневар во кој брод на кинеската морнарица нагло му го пресекол патот на американски разорувач.

  • Свет 05.06.2023 13:33

    Радев го прими кандидатот за премиер Николај Денков

    Претседателот Румен Радев го прими кандидатот за премиер Николај Денков од пратеничка група на „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“, која според уставната процедура го доби вториот мандат за составување на Влада и успеа во тоа.

Pages