Пукање имало попладнево во српскиот град Сомбор, каде неофицијално две лица се ранети.
-
Свет 07.06.2023 20:28
-
Свет 07.06.2023 17:35
Пенс против Трамп во трката за претседател
Поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс, кој лојално му служеше на Доналд Трамп, но се сврте против него по нападот на Капитол во 2021 година, денеска официјално ја објави својата кандидатура за претседателска номинација на Републиканската партија за изборите во 2024 година.
-
Свет 07.06.2023 15:15
Силен земјотрес во Бугарија
Земјотрес од 4,9 степени го погоди Пловдив, Бугарија.
Потресот се случил околу 14.30 часот по македонско време и траел околу 15 секунди.
Бил регистриран на длабочина од 2 километра, јавуваат бугарските медиуми.
-
Свет 07.06.2023 12:39
Папата Франциск хоспитализиран во Рим поради итна операција, соопшти Ватикан
Папата Франциск е хоспитализиран во Рим, каде ќе биде подложен на хируршка интервенција на абдоменот, соопшти прес-службата на Ватикан.
-
Свет 07.06.2023 12:37
Избрани пет нови непостојани членки на Советот за безбедност на ООН
Словенија, Алжир, Гвајана, Република Кореја и Сиера Леоне се избрани за непостојани членки на Советот за безбедност на ОН по гласањето во Генералното собрание и ќе служат за двегодишен мандат почнувајќи од јануари.
-
Свет 07.06.2023 12:36
По средбите во Белград и Приштина, САД и ЕУ бараат итно политичко решение за северот на Косово
Истекува рокот што САД и ЕУ му го дадоа на косовскиот премиер Курти за исполнување на барањата за Северот.
-
Свет 07.06.2023 12:35
Њујорк под густ чад поради пожарите во Канада
Канада со денови се справува со серија интензивни шумски пожари кои се проширија од западните провинции до Квебек. Поради чадот, и Њујорк е меѓу најзагадените градови во светот.
-
Свет 07.06.2023 12:33
Мицотакис: Еднопартиска влада или нови избори во август
Доколку Нова демократија на изборите на 25 јуни не го добие потребниот 151 пратеник за еднопартиска Влада, не постои друго сценарио, освен нови избори во август, дециден е Мицотакис.
-
Свет 07.06.2023 11:26
Киев и Москва и натаму си ја префрлаат вината за уривањето на браната
Илјадници лица се евакуирани по уривањето на браната Нова Каховка во Херсонската област. Неколкумина се водат за исчезнати. Нивото на водата се зголеми за 12 метри. Украинското Министерство за земјоделство со црни прогнози, проценува дека полињата би можеле да се претворат во пустина.
-
Свет 07.06.2023 09:49
Финска ќе протера девет руски дипломати поради шпионажа
Финските власти денеска соопштија дека ќе протераат девет руски дипломати од Хелсинки поради нивните „разузнавачки активности“.










