• Свет 01.06.2023 12:20

    Вучиќ ги советува Србите како да протестираат

    Претседателот на Србија Вучиќ во пресрет на Самитот на европската политичка заедница кај Кишињев изјави дека Србија ќе се обиде да ги зачува мирот и стабилноста и да направи сè за да ја деескалира ситуацијата на Косово.

  • Свет 01.06.2023 12:08

    Хаос во бугарското Собрание

    Тензична атмосфера во бугарското народно Собрание. Во пленарната сала дошло до судир и физичка пресметка меѓу пратениците на „Преродба“ и „Продолжуваме со промените – демократска Бугарија“.

  • Свет 01.06.2023 09:33

    Пенс во трка за републиканска претседателска номинација

    Поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс следната недела официјално ќе влезе во трката за републиканска претседателска номинација. Пенс ќе ја почне кампањата за републиканската номинација на 7 јуни во Ајова.

  • Свет 01.06.2023 09:29

    Бајден одобри нов пакет воена помош за Украина

    Американскиот претседател Бајден одобри нов пакет воена помош за Украина од 300 милиони долари, кој вклучува дополнителна муниција за дронови и друго оружје.

  • Свет 01.06.2023 09:27

    Нов руски воздушен напад на Киев

    Две деца и еден возрасен загинаа во последниот руски ракетен напад на Киев. Од почетокот на мај, Русија често го напаѓа Киев со проектили и дронови. Градоначалникот Кличко, изјави дека имало серија експлозии во градот, при што се ранети уште 14 луѓе, од кои девет се хоспитализирани.

  • Свет 31.05.2023 18:06

    ЕУ и САД ќе изготват кодекс на однесување со вештачка интелигенција

    Еврокомесарката за конкуренција Маргрете Вестагер изјави дека верува оти нацрт кодексот за однесување на генеративната вештачка интелигенција може да биде изготвен „во текот на следните недели“, а договорот да биде потпишан „многу, многу скоро“.

  • Свет 31.05.2023 16:32

    Макрон: Неопходна е европска одбранбена структура

    Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска изјави дека е неопходна европската одбранбена структура за кредибилитетот на Европска Унија на долг рок.

  • Свет 31.05.2023 14:20

    Петнаесет години затвор за поранешните шефови на тајната полиција на Милошевиќ

    Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови со седиште во Хаг (Механизам), им изрече конечни казни од по 15 години на поранешните началници на Секторот за државна безбедност на Србија, Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ, обвинети за воени злосторства во Хрватска и Босна и Херцеговина.

  • Свет 31.05.2023 13:32

    Војската на Судан ги напушти преговорите за примирје

    Суданската војска се повлече од разговорите за прекин на огнот со посредство САД и Саудиска Арабија.

    Ги обвини паравоените сили дека не ги почитуваат обврските. Преговарачите во саудискиот град Џеда ги признаа повторените прекршувања на примирјето.

  • Свет 31.05.2023 13:21

    Пожар во рафинерија во руската област Краснодарск

    Пожар во рафинерија во руската Краснодарска област. Според властите извршен бил напад со дрон. Москва најави остар одговор за претходниот со беспилотни летала врз метрополата во кој има повредени. Оштетени се неколку згради.

Pages