• Свет 31.05.2023 14:20

    Петнаесет години затвор за поранешните шефови на тајната полиција на Милошевиќ

    Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови со седиште во Хаг (Механизам), им изрече конечни казни од по 15 години на поранешните началници на Секторот за државна безбедност на Србија, Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ, обвинети за воени злосторства во Хрватска и Босна и Херцеговина.

  • Свет 31.05.2023 13:32

    Војската на Судан ги напушти преговорите за примирје

    Суданската војска се повлече од разговорите за прекин на огнот со посредство САД и Саудиска Арабија.

    Ги обвини паравоените сили дека не ги почитуваат обврските. Преговарачите во саудискиот град Џеда ги признаа повторените прекршувања на примирјето.

  • Свет 31.05.2023 13:21

    Пожар во рафинерија во руската област Краснодарск

    Пожар во рафинерија во руската Краснодарска област. Според властите извршен бил напад со дрон. Москва најави остар одговор за претходниот со беспилотни летала врз метрополата во кој има повредени. Оштетени се неколку згради.

  • Свет 31.05.2023 12:47

    Продолжуваат протестите на косовските Срби

    Тензично во северно Косово. НАТО праќа уште 700 војници. КФОР поставува бодликава жица како дополнителна заштита, а граѓаните – српски знамиња. Во судирите во претходните денови имаше десетици повредени.

  • Свет 31.05.2023 12:30

    Северна Кореја неуспешно лансираше воен сателит

    Северна Кореја пријави неуспешно лансирање на носечка ракета на воен извидувачки сателит. Лансирањето на ракетата претходно предизвика тревога во Сеул.

    Новата носечка ракета „Чолима-1“откажала поради нестабилност на моторот и системот за гориво.

  • Свет 31.05.2023 12:24

    Во Германија уапсени осомничени поддржувачи на Исламска Држава

    Седум осомничени поддржувачи на Исламска држава се уапсени во неколку сојузни покраини. Претреси имало и во 19 имоти, вклучувајќи, меѓу другото и региони во Берлин, Баварија, Бремен.

  • Свет 31.05.2023 09:28

    Жртви во пожар во болница кај Виена

    Тројца постари пациенти загинаа во пожар во австриска болница во близина на Виена. Инспекторите претпоставуваат дека огнот бил предизвикан од цигара на 75-годишен пациент.

    Околу 90 пациенти мораа да бидат префрлени, а операциите во болницата беа откажани.

  • Свет 31.05.2023 09:26

    Гласање за укинување на унгарското преземање на претседавањето во ЕП

    Во Европскиот парламент гласање за необврзувачка резолуција против унгарското претседавањето со блокот во втората половина на 2024 година.

  • Свет 31.05.2023 09:24

    Нови напади во Русија, Киев негира вмешаност

    Пожар во рафинерија во руската Краснодарска област. Властите тврдат дека бил извршен напад со дрон, а Москва веќе најави остар одговор за претходниот со беспилотни летала врз метрополата во кој има повредени. Оштетени се неколку згради.

  • Свет 31.05.2023 09:17

    КФОР ја зајакнува блокадата во Звечан

    Тензично во северно Косово. НАТО праќа уште 700 војници. КФОР останува околу општинската зграда во Звечан, се поставува и бодликава жица како дополнителна заштита. Граѓаните продолжуваат со протестите.

Pages