Поранешниот бугарски министер за образование Николај Денков го доби мандатот да формира Влада во следните седум дена.
-
Свет 30.05.2023 14:10
-
Свет 30.05.2023 14:02
На 25-ти јуни нови парламентарни избори во Грција
Новите парламентарни избори во Грција ќе бидат одржани на 25 јуни. Ниедна партија на изборите не освои апсолутно мнозинство.
-
Свет 30.05.2023 13:43
Три жртви во пожар во болница во Австрија
Тројца пациенти загинаа во пожар во австриска болница, пренесе ДПА.
Според локалните власти, пламенот избувнал синоќа во соба на третиот кат од болницата Ландесклиникум Модлинг во близина на Виена. Дваесет лица се полесно повредени, а околу 90 пациенти морале да бидат префрлени.
-
Свет 30.05.2023 12:47
Напади со беспилотни летала во Киев и во Москва
Управите на руската и на украинската престолнина соопштија дека изутрина градовите биле нападнати со дронови. Во нападот на Москва, нема загинати. Руското Министерство за одбрана обвини за терористички напад со осум беспилотни летала извршен од режимот на Киев. Сите дронови се соборени.
-
Свет 30.05.2023 12:19
Припадниците на КФОР сè уште се распоредени на терен, најавени нови протести
Изутрината на северот во Косово мирно. Припадниците на КФОР сè уште се распоредени на терен, откако вчера косовските Срби се судрија со нив, во обид да влезат во општинската зграда во Звечан.
-
Свет 30.05.2023 10:01
Напади со дронови врз Москва, неколку летала соборени
Во Москва две лица побарале медицинска помош по нападот со дрон. Претходно, беше објавено дека рано изутрината напад со дрон врз Москва предизвикал мала штета на неколку згради.
-
Свет 30.05.2023 09:59
Утрово мирно на Косово, најавени нови протести
Изутринава на северот во Косово мирно. Припадниците на КФОР сè уште се распоредени на терен откако вчера косовските Срби се судрија со нив, во обид да влезат во општинската зграда во Звечан.
-
Свет 30.05.2023 09:58
Нова мисија на кинеската вселенска станица, меѓу астронаутите за првпат и цивил
Кина испрати уште еден тим астронаути во својата вселенска станица Тиангонг-Небесна палата. Астронаутите полетаа со вселенското летало „Шенжу 16“ од вселенското пристаниште на северозападот на земјата.
-
Свет 29.05.2023 19:36
Судир меѓу КФОР и граѓани во Звечан, има повредени
Силите на КФОР и граѓани собрани пред општината Звечан на северот на Косово денеска се судрија нешто по 16 часот, фрлени се солзавец и шок бомби, а има и повредени.
-
Свет 29.05.2023 18:54
Тридневна средба на УНЕСКО за ставање крај на глобалното загадување со пластика
Претставници на 175 држави учествуваат на средба седиштето на УНЕСКО, на која треба до идната година да се постигне напредок за ставање на крај на загадувањето со пластика.
Состанокот во Париз, кој ќе трае до 2 јуни, и е втор од петте сесии во процесот.









