• Свет 20.03.2023 14:10

    Кина и Русија ја продлабочуваат соработката

    Очите на светската јавност вперени кон Москва. Кинескиот лидер Ши Џинпинг е во тридневна посета на Русија, на средба со колегата Владимир Путин. Кина и Русија го опишаа патувањето како дел од напорите за продлабочување на пријателството без граници.

  • Свет 20.03.2023 12:05

    20 години од инвазијата на САД врз Ирак

    Ирак одбележува 20 години од американската инвазија на земјата. Нападот почна со истрелување 40 ракети од бродови на САД кон делови на Багдад во кои се наоѓаат државните институции и Владата.

  • Свет 20.03.2023 11:37

    Ѓукановиќ и Милатовиќ во втор круг од претседателските избори

    Досегашниот шеф на државата и кандидат на ДПС, Мило Ѓукановиќ и Јаков Милатовиќ, кандидат на движењето „Европа сега“, освоија најмногу гласови на претседателските избори во Црна Гора. Тие ќе се соочат во вториот изборен круг, на 2-ри април.

  • Свет 20.03.2023 09:24

    Земјотрес во Еквадор, најмалку 12 жртви

    Земјотресот однесе најмалку 15 жртви, стотици повредени. земјотресот со сила од 6,9 степени по Рихтер кој го погоди Еквадор, е најсилниот земјотрес што ја погодил јужноамериканската земја од 2016 година, кога загинаа речиси 700 луѓе, а илјадници беа повредени.

  • Свет 20.03.2023 09:19

    Полска: „Ако Украина не се одбрани, ќе мора да влеземе во војна“

    Полскиот амбасадор во Франција, во интервју за француската телевизија lci, изјави дека може да се појави ситуација во која полска ќе мора да влезе во војна.

  • Свет 20.03.2023 09:14

    Северна Кореја изведе нуклеарни воени вежби

    Војската на Северна Кореја изведе нуклеарни воени вежби симулирајќи нуклеарен контранапад на САД и Јужна Кореја. Вежбите ги надгледуваше севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

  • Свет 20.03.2023 09:09

    Кинескиот претседател Си Џинпинг во тридневна посета на Русија

    Кинескиот претседател си Џинпинг денеска ја почнува тридневната посета на Русија, на покана на неговиот руски колега, Владимир Путин. Фокусот на разговорите е натамошно продлабочување на партнерските односи меѓу двете земји.

  • Свет 19.03.2023 15:07

    Претседателски избори во Црна Гора

    Претседателски избори во Црна Гора. Право на глас имаат 542.154 избирачи кои избираат меѓу седум претседателски кандидати, меѓу нив и актуелниот шеф на државата и кандидатот на Демократската партија на социјалистите, Мило Ѓукановиќ.

  • Свет 19.03.2023 13:24

    Продолжуваат жестоките борби низ цела Украина

    Продолжуваат руските напади низ Украина. Жестоки борби се водат околу градот Бахмут. Украинските безбедносни служби објавија видео од уништување на 10 руски тенкови и уште едно возило за една ноќ. Според командантот на копнената армија на Украина, Русија го напаѓа скоро целиот источен фронт.

  • Свет 19.03.2023 13:11

    Истрелана балистичка ракета кон Јапонското Море

    Северна Кореја истрела балистичка ракета, јави новинската агенција „Јонхап“, повикувајќи се на извори од јужнокорејската војска. Јужна Кореја цела недела спроведува воени вежби со армијата на САД.

Pages