Русија изврши напад со ирански дронови-камиказа, тврдат украинските сили. Погоден е инфраструктурен објект во Одеса, гранатирани населени места во Херсонскиот регион. Жестоките битки продолжија и во градовите Бахмут и Маринка во Донецкиот регион.
-
Свет 19.04.2023 12:46
-
Свет 19.04.2023 11:43
Германскиот синдикат за петок најави национален штрајк на железницата
Германскиот синдикат на работниците во железницата и транспортот Е Фау Ге за во петок најави национален штрајк, а меѓу погодените превозници е и националниот железнички оператор Дојче Бан, јавува германската новинска агенција ДПА.
-
Свет 19.04.2023 11:05
Фокс Њуз ќе плати 787,5 милиони долари поради изборни лаги
Американскиот телевизиски канал „Фокус Њуз“ ќе плати 787,5 милиони долари по тужбата за клевета поднесена од компанијата за гласачки машини „Доминион“.
-
Свет 19.04.2023 11:04
Приведени 12 лица по пожар во болница во Пекинг
Речиси 30 загинати во стравотен пожар што зафати приватна болница во Пекинг.
Според првичните информации, пламените јазици најпрвин го зафатиле источното крило, а евакуирани биле над 70 луѓе. Властите уапсија 12 лица кои ја реновирале болницата.
-
Свет 19.04.2023 11:03
Двете најголеми коалиции во Бугарија се договорија за спикер
Нема договор за влада во Бугарија, но ГЕРБ и коалицијата „Продолжуваме со промената-демократска Бугарија“, договорија заедничка законодавна програма, како и изборот на претседателот на Народното собрание и Правната комисија да биде врз ротациски принцип.
-
Свет 19.04.2023 10:02
Жртви при уривање на катна гаража во Њујорк
Најмалку едно лице загина, а петмина биле повредени при делумно уривање на катна гаража во Њујорк. Во моментот на несреќата во објектот имало шест лица, едно починало, четворица се пренесени во болница, а еден одбил лекарска помош.
-
Свет 19.04.2023 09:57
Ким Јонг Ун нареди лансирање шпионски сателит
Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун нареди лансирање на првиот воен шпионски сателит. Не се објавени детали за датумот на лансирање.
Ким најави распоредување неколку сателити за извидување во различни орбити.
-
Свет 19.04.2023 09:54
Загинати пациенти, медицински лица и посетител во болница во Пекинг
Десетици луѓе загинаа во големиот пожар во болница во Пекинг.
Меѓу жртвите се 26 пациенти, една медицинска сестра, медицински техничар и посетител. Наредена е истрага за причините на еден од најсмртоносните пожари во Пекинг во последните неколку години.
-
Свет 19.04.2023 09:51
Борбите продолжуваат во Судан и покрај договореното примирје
Борбите во Судан продолжија и покрај договорениот прекин на огнот од завојуваните страни на 24 часа. Во Картум се слушале експлозии и пукотници и по 18 часот, кога требало да стапи на сила прекинот на огнот.
-
Свет 19.04.2023 09:49
Русите вчера извеле 60 воздушни напади
Украинската армија соопшти дека во текот на изминатиот ден руските сили лансирале четири проектили и извеле 60 воздушни напади.
Забележани биле и 58 ракетни напади, во областа Лиман, Бахмут, Авдивка и Маринка.










