Од утре стартува караванот „Купи куќа, купи стан“ во рамки на кој низ 30 општини низ Македонија ќе се одржат презентации за проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“.
-
Економија 09.02.2016 12:16
-
Економија 08.02.2016 16:19
Голем интерес за проектот „Купи куќа за млади“
Покрај канцеларијата во Министерството за финансии, канцеларии за проектот „Купи куќа за млади“ се отворени во 33 градови во државава. Секој понеделник и вторник заинтересираните ќе може да се информираат за условите од проектот.
-
Економија 08.02.2016 16:04
Електронско следење на промените во катастарот
Повеќе од 500 имотни листови и други податоци досега граѓаните и правните лица ги презеле електронски од Катастарот. Сега во реално време, преку компјутер или паметен уред, можат да се следат поднесените барања и направените промени. Правната сигурност е гарантирана.
-
Економија 08.02.2016 13:11
Бензините поскапуваат за половина, а дизелот за два денара
Регулаторната комисија за енергетика изврши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 8,16%, односно за 5,14%. Причина се растот на берзанската цена на суровата нафта и на дериватите на светскиот пазар за 12,9% во последните две недели.
-
Економија 08.02.2016 10:08
Десет милиони евра од Прокредит банка за мали и средни фирми
Прокредит банка ќе пласира 10 милиони евра во малите и средните фирми во земјава во иновативни проекти.
-
Економија 05.02.2016 16:32
Старт-ап бизниси: Најважни се иновативната идеја и добриот тим
Квалитетна иновација која може да мине на странскиот пазар и добар тим се основните услови за успешен почеток на старт-ап бизнисите. За да им тргне на почетниците во бизнисот потребна им е поддршка од сите инволвирани: агенции, центри, комори, акцелератори, банки, фондови.
-
Економија 05.02.2016 16:16
Со нови вештини до сопствен бизнис
Снежана Неделковска од Скопје, десет години е невработена. Пред еден месец ја завршила обуката за плетење и везење фустани, модни детали, постелнини, перници. Новостекантите вештини планира да ги реализира во сопствен бизнис.
-
Економија 05.02.2016 13:34
Во 2015-та извезени стоки во вредност од 4,051 милијарди евра
Македонија во текот на 2015 година извезла стоки во вкупна вредност од 249,613 милијарди денари или 4,489 милијарди американски долари, односно 4,051 милијарди евра, а увезла стоки за 355,947 милијарди денари, односно 6,399 милијарди долари или 5,776 милијарди евра.
-
Економија 05.02.2016 13:18
Исплатена јануарската пензија
Денес на сметките на 299.014 пензионери префрлени се пензиите во вкупен износ од 3 милијарди 839 милиони денари, соопшти Министерството за финансии.
Просечната пензија во Република Македонија за јануари изнесува 13.103 денари.
-
Економија 05.02.2016 11:18
Конференција за старт-ап бизниси
Конференција за поддршка на македонската старт-ап заедница ќе се одржи денеска во Скопје како дел од глобалниот завршен настан на т.н. Европска старт-ап недела.










