-
Економија 14.09.2015 08:43
Македонска берза одбележува 20 години
Македонската берза денеска ќе одбележи 20 години од одржувањето на основачкото собрание на акцинери на Берзата. -
Економија 13.09.2015 14:03
Пораст во функционирање на осигурителниот сектор
Пораст во сите сегменти на функционирање на осигурителниот сектор е остварен во првата половина од 2015 година. Позитивен тренд има и во осигурувањето на живот и во неживотно осигурување, соопшти Агенцијата за супервизија на осигурување.
-
Економија 11.09.2015 16:39
Ставрески: Индустриските зони успешен проект
79 компании со 400 работници ангажирани преку целата година работат во четирите индустриски зони во Василево, со што оваа општина стана успешен пример откако се имплементираше проектот за отворање на најмалку една индустриска зона во секоја општина.
-
Економија 11.09.2015 15:23
Стапката на невработеност во вториот квартал намалена на 26,8%
Стапката на невработеност во земјава продолжува континуирано да се намалува, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во второто тримесечје од оваа година, стапката на невработеност изнесува 26,8%.
-
Економија 11.09.2015 14:08
Ставрески: Над 2.500 фирми ја искористија можноста за откуп на земјиштето
Можноста за откуп на земјиште со владиниот проект од 2009 година досега ја искористиле над 2.500 фирми, а поддршката и помошта за бизнисот со такви проекти ќе продолжи, истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески при денешната посета на општина Василево.
-
Економија 11.09.2015 12:54
Предпристапни фондови: 79 милијарди евра на располагање од 2016-та
Повеќе од 79 милијарди евра европски пари од идната година ќе бидат на располагање на земјите од Југоисточна Европа.
-
Економија 11.09.2015 11:24
Расте бројот на превезени патници на аеродромите
Раст од над 18 отсто на бројот на превезени патници на двата аеродроми во земјава во периодот од јануари до август, споредено со истиот период лани, покажуваат податоците на Министерството за транспор и врски.
-
Економија 10.09.2015 16:23
Буџетот е во одлична кондиција, поддршката за домашните фирми останува во фокусот
Добрата буџетска ликвидност и повисоките даночни приходи за 208 милиони евра во однос на лани овозможуваат навремено и редовно извршување на сите буџетски обврски, вели ресорниот министер и вицепремиер Зоран Ставрески.
-
Економија 10.09.2015 15:56
Преку мерките за самовработување и кредитирање до нови работни места
Објавени се новите четири огласи за самовработување и за кредитирање на микро и мали фирми. Предвидуваат државна финансиска помош и евтини кредитни, финансиски инструменти за отворање нови бизниси, креирање нови работни места и за намалување на невработеноста.
-
Економија 10.09.2015 15:15
Во јули издадени 359 одобренија за градење
Во јули годинава се издадени 359 одобренија за градење, што е за 71,8 проценти повеќе во однос на јули лани, објави денеска Државниот завод за статистика.










