• Економија 05.05.2015 10:52

    Малмстром: Во договорот за слободна трговија да се вклучат и земјите кои не се членки

    Договорот за слободна трговија меѓу Соединетите Американски Држави и Европската унија  има економско, политичко и стратешко значење. Добро е земјите кандидати да бидат вклучени во договорот, оцени еврокомесарот за трговија Сесилија Малстром во Вашингтон.

  • Економија 04.05.2015 17:19

    Иновации: 78 кандидати аплицирале за грантови

    78 кандидати аплицирале на првиот повик на Фондот за иновации за добивање средства за пронајдоци. Стручниот комитет во следната недела ќе треба да ги селектира оние чии што проект, или идеја имаат најголема иновативност и креативност.

  • Економија 04.05.2015 15:40

    Започна осмото издание на образовната програма „Лидер“

    Под мотото „Предводиме со образование и развој“, а во организација на Македонија 2025, започна осмата по ред програма за бизнис образование наречена „ЛИДЕР“. Ќе учествуваат четириесет претставници на мали и средни компании како и млади претприемачи од Македонија.

  • Економија 04.05.2015 14:03

    Раст на производството во текстилната индустрија

    Производството на текстилните ткаенини лани се зголемило за 6,5 насто, а кај облеката тој процент  изнесува 4,6 проценти. Од Стопанската комора на Македонија велат дека е намален бројот на работниците во текстилната индустрија, а извозот во почетокот на годинава е помал во однос на лани.

  • Економија 04.05.2015 12:15

    Горивата поскапуваат за три денари

    Малопродажната цена на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се зголемува за три денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетиката. 
     
  • Економија 04.05.2015 11:44

    Првата група туристи од Бенелукс утре пристигнува во Охрид

    Во Охрид, утре, на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“, со чартер лет стигнува првата група туристи од земјите на Бенелукс. За туристите од Белгија, Холандија и од Луксембург, како и досега, со македонски обичаи ќе биде организиран соодветен пречек.

  • Економија 04.05.2015 11:01

    Раздвижување на пазарот на труд

    Странските инвеститори и развојот на домашното стопанство го раздвижија пазарот на трудот. Од агенциите за привремени вработувања велат дека речиси 85 проценти од побарувањата на работна сила се од приватните компании. На привремените работници им се овозможува сигурна работа.

  • Економија 30.04.2015 16:54

    Отворени првите работни места преку „Македонија вработува“

    Фирмите почнаа да вработуваат користејќи ги олеснувањата што ги овозможува проектот „Македонија вработува“. Интерес има не само од малите, туку и од средните и од големите компании од речиси сите градови. Бараат разновидни профили на работници и со различна старосна структура .

  • Економија 30.04.2015 16:03

    Работодавачите бараат компромисно решение за помалите фирми кои не можат да исплатат К-15

    Работодавачите, се подготовени за преговори со Сојузот на синдикатите по најавеното  барање да се укине К-15. Најголем проблем според работодавачите да исплаќаат К-15 имаат компаниите од текстилната, кожарската и дрвната индустрија и дел од градежните фирми.

  • Економија 30.04.2015 12:50

    Зголемен бројот на работници во индустријата

    Бројот на работниците во индустријата во првиот квартал годинава, во однос на истиот период лани е зголемен за 2,2 проценти. Во март годинава споредено со март минатата година бројот на работниците е зголемен за 0,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Pages