-
Економија 28.01.2015 14:56
Гаспари: Македонија со најдобри економски перформанси во регионот
Македонија во моментов има најдобри економски перформанси од земјите во регионот. За среќа вие избегнавте да направивте некоја од непотребните грешки какви што се направија во Словенија, Хрватска, па дури и во Србија. -
Економија 28.01.2015 14:43
Индустриското производство лани зголемено за 4,8 проценти
Индустриското производство во 2014 година било за 4,8 проценти поголемо во однос на претходната 2103-та. -
Економија 28.01.2015 12:57
Нов пад на цената на суровата нафта
Барел американска лесна нафта за испорака во март на стоковата берза во Њујорк се тргува за 45,53 долари, односно поевтини за 70 центи во однос на вчера. Слични движења и на берзата во Лондон. Нафтата од типот Брент од Северното море поевтини за 60 центи, односно се продава за 49 долари.
-
Економија 28.01.2015 12:37
Откупени половина од планираните количества тутун
Девете компании досега откупија вкупно 10.500 тони тутун со просечна откупна цена од скоро 120 денари за килограм.
Лошото време на почетокот на месецов, во одредени региони го сопре преземањето, но подоцна фирми продолжија со нормална динамика на откупот.
-
Економија 27.01.2015 17:34
Бензински станици: Точиме квалитетни горива
Бензинските пумпи работат со полна пареа, се увезува гориво од Албанија и од Грција. Сопствениците тврдат дека горивото кое што се увезува е квалитетно, откако се отвори сомнеж дека граѓаните помалку возат со истото количество гориво пред драстичното намалување на неговата цена.
-
Економија 27.01.2015 17:10
Осигурениците ќе имаат детален увид во стажот
318 илјади осигуреници два пати годишно ќе добиваат известување за стажот и платите. Од 15-ти јануари Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија почна со доставување на податоците.
-
Економија 27.01.2015 13:57
Словенечки експерти ќе помагаат за подобро искористување на ИПАРД средствата
Со техничка помош на Европската комисија, словенечки експерти ќе помогнат во креирање нови мерки кои ќе овозможат подобро искористување на ИПАРД средствата, наменети за руралниот развој.
-
Економија 27.01.2015 10:14
Македонија најдобра во регионот по економски слободи
Според Индексот на економски слободи за 2015– та, Македонија е рангирана како најдобра во регионот, на 24-то место во Европа и на 53-то во Светот. Традиционално Индексот заеднички го подготвуваат фондацијата „Херитиџ“ и „Волстрит журнал“.
-
Економија 26.01.2015 17:35
Каков бензин се точи на бензинските пумпи?
Горивото поевтини, но каков бензин се точи на бензинските пумпи?! Во 70 контроли минатата година, во редовниот надзор на пазарната инспекција биле утврдени неправилности на пазарот со нафтени деривати.
-
Економија 26.01.2015 17:32
31 јануари – последен рок за фискални со ГПРС
Дел од трговците се снабдени, дел се уште прашуваат и се информираат, но роковите газат. До 31 треба да се набави новиот фискален апарат со ГПРС уред.










