Во февруари исплатени се поголем дел од субвенциите за земјоделското производство. 47 илјади фармери добија скоро 650 милиони денари.
Пари добија лозарите, градинарите, производителите на добиточна храна, индустриски и житни култури.
Во февруари исплатени се поголем дел од субвенциите за земјоделското производство. 47 илјади фармери добија скоро 650 милиони денари.
Пари добија лозарите, градинарите, производителите на добиточна храна, индустриски и житни култури.
Развојот на патната инфраструктура е главен услов за локален економски развој и подобрување на квалитетот на живот, согласни се и општинските власти и граѓаните. Статистиката покажува дека од 2011 година до денес направени се 257.66 километри патишта на југоистокот.
Финансиска инјекција за стопанството. Се ослободуваат околу 25 милиони евра, пари кои банките може да ги пласираат во форма на кредити за компаниите.
На сметките на 15 илјади 663 сточари легнаа 310,8 милиони денари субвенции за обележани грла говеда. Поддршката по обележано грло говедо е 2 илјади и 800 денари.
Министерството за финансии денес, по основ на доспеани за враќање државни хартии од вредност, врати вкупна сума од 2,8 милијарди денари. Вчера Министерството на аукција продаде државни записи во вредност од 1,28 милијарди денари.
По закрепнувањето на американската економија минатата година, администрацијата во Белата куќа предложи развоен буџет кој не предвидува мерки на штедење, туку зголемување на даноците за побогатите Американци.
Оние што имаат над 50 години, не се стари за нов почекот и за сопствен бизнис- ова јасно се гледа од примерот на скопјанката, Снежана Ристова. Таа веќе една година е сам свој газда. Иако правник по професија, долго време била без работа.
Со инвестиции од 281 милион евра Македонија прави сериозен чекор во модернизација и осовременување на железничкиот сообраќај. Освен инвестициите во постојната инфраструктура на коридорот 10, се работи и на изградба на осумката.
Стигна првата реакција од ММФ. Шефицата на Фондот, Кристин Лагард, смета дека Македонија направила правилен чекор со одлуката предвреме да ги затвори обврските произлезени од кредитната линија за претпазливост, вредна 312 милиони долари.
Во Барселона- Светски конгрес за мобилната технологија. Во фокусот стимулирање на иновациите. Акцент на политичките и регулаторни услови. Во Европа има 97 милиони оператори, ќе бидеме сведоци на спојување на голем дел од нив и мигрирање од еден на друг.