Во Охрид во моментот има околу 4.500 граѓани кои активно бараат работа. Од нив 2.000 се без квалификации ,над 800 имаат високо образование, а работа чекаат и 45 магистри.
-
Економија 08.10.2014 11:01
-
Економија 08.10.2014 10:42
Германска „Интрама“ од следната година ќе произведува прехрамбени производи во Струмица
Германската компанија „Интрама“ отвори дистрибутивно- изложбен салон во Струмица. Германскиот инвеститор планира тука на лице место пред потенцијалните клиенти да ги покаже системските решенија од областа на прехрамбената индустрија.
-
Економија 07.10.2014 16:27
Пругата Куманово- Бељаковце инпут за економскиот развој на регионот
Со брзина од 120 километри на час ќе се патува на новата пруга која се гради на Коридорот 8 кон Бугарија.
-
Економија 07.10.2014 15:40
34 илјади граѓани побарале спас од натрупаните долгови
Понеделник е последниот ден до кога граѓаните од ранливите категории можат да побараат простување на долговите. Рокот нема да се продолжи! Комисијата веќе ја разгледува досега поднесената документација, го проверува секое барање дали е во ред.
-
Економија 07.10.2014 15:38
Пругата Куманово- Бељаковце ќе биде завршена до 2017-та
Делницата Куманово-Бељаковце ќе чини околу 40 милиони евра. Ќе биде завршена до 2017-та година. Директорот на Македонски железници, Ирфан Асани, изврши увид на терен.
Извршена е целосна демонтажа на старата пруга. Ќе почне поставувањето на сигнализацијата и на телекомуникациите.
-
Економија 07.10.2014 15:31
Либерализираниот пазар ќе достигне 60 % од вкупната потрошувачка на струја
До средината на ноември повеќе од 70.000 компании треба да изберат снабдувач меѓу седумте регистрирани компании со лиценца и да склучат договор. Тие ќе ги снабдуваат со електрична енергија од нова година, кога почнува третата фаза од либерализацијата на пазарот со струја.
-
Економија 07.10.2014 13:52
Граѓаните да не чекаат 5 до 12: Понеделник истекува рокот за поднесување барања за отпис на долгови
За шест дена истекува рокот за поднесување барања за отпис на долгови. Надлежните со апел до граѓаните, кои ги исполнуваат критериумите, да не чекаат 5 до 12, за да се избегне метежот на шалтерите.
-
Економија 07.10.2014 10:23
Иновациите- предуслов за раст на малите и средните претпријатија
Во македонското стопанство постои придвижување во процесот на имплементација на новите идеи во современото економско работење, сметаат експертите.
-
Економија 07.10.2014 09:52
Целиот тутун ќе се откупи!
Монополите се подготвени да ги преземат договорените количества на тутун. Колку ќе тежи родот по крајот бербата сеуште не се знае.
-
Економија 06.10.2014 21:24
Британската „Јуро Би-Пи Ар“ заинтересирана за отворање канцеларии во Македонија
Британската консултантска компанија „Јуро Би-Пи Ар“ е заинтересирана да отвори канцеларии во пет поголеми градови во Македонија, меѓу кои и Штип. Бара млади, високо образувани кадри, а слободни места има за над сто невработени.










