Ново пресметување на цените пред полноќ, Регулаторната комисија треба да одлучи за бензините и дизелот.
Известува Борис Грујоски
Ново пресметување на цените пред полноќ, Регулаторната комисија треба да одлучи за бензините и дизелот.
Известува Борис Грујоски
За дури 50 проценти големите компании ќе ги намалат трошоците доколку повторно се воспостави карго транспортот преку железницата за извоз на производи и увоз на суровини во Пелагониско. Во услови на енормни цени на горивото, железничкиот транспорт е повеќе од добредојден.
Цветот на овошките кој значеше надеж за сезоната, егзистенција за овоштарите, храна за сите нас изутрината го изеде пролетниот студ. По дводневна борба на овоштарите со природата, климатските промени и оваа година не ги поштедија.
Извонредната архитектура, историјата на градот, Хераклеја Линкестис и пелистерскиот бор се само дел од она што Битола како град го сместија меѓу топ пет туристички дестинации во Европа.
За 30-тина проценти недостига кадар во угостителството. Дефицитот допрва се зголемува со заминувањето на кадарот на сезонска работа, главно во Хрватска.
Последиците од војната на Блискиот Исток веќе поизразено се чувствуваат и во земјава. Зголемените трошоци започнаа да се прелеваат врз крајните потрошувачи. Растот на нафтените деривати ги погоди сите сектори.
Цената на горивата притиска на цената на електричната енергија.
Во Струмица и регионот засега нема пријавено лица како сезонски работници согласно Законот за работно ангажирање на лица. За четири месеци функционирање, бенефитите од оваа законско решение го имаат искористено лица и работодавачи од Битола, Охрид, Кичево и Кочани.
Оризопроизводителите од кочанско ја почнаа сеидбата со полни амбари, со над 10 илјади тони неоткупен род од минатата и предминатата година. Откупната цена е под производната, од 18 до 20 денари за килограм арпа. „Оризот го даваме џабе за да може да ја почнеме сеидбата“, велат земјоделците
Традиционално за првомајските празници, Охрид преполн со туристи. Бродовите ги кренаа сидрата, запловија кајчињата, голема посетеност на излетничките места, културно-историските споменици, музеите, рестораните и кафулињата.