Владата ја продолжува мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 проценти до 12 октомври, објави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.
-
Економија 28.09.2026 11:53
-
Економија 28.09.2026 10:34
РКЕ денеска одлучува, неизвесна цената на дизелот
РКЕ денеска ќе ги утврди новите цени на горивата, кои ќе важат во следните седум дена. На новата цена ќе влијаат берзанските движења, но и истекувањето на мерката за намалено ДДВ од 18 на 10 проценти. Денеска ќе се одлучува на седница на Влада дали мерката ќе биде продолжена.
-
Економија 27.09.2026 17:13
Истекува мерката за намалено ДДВ за горивата – утре нова одлука за цените
На бензиските станици позната слика: автомобилите се редат, резервоарите се полнат, а погледот речиси секогаш завршува на едно место – цената за литар, бензин или дизел.
-
Економија 27.09.2026 12:05
Привршува бербата на тутунот, се чека откупната сезона
Бербата на тутунот привршува, производителите веќе се преокупираат со откупната сезона. Поради временските неприлики, сушата и градот количествата се намалени, но сè уште Македонија и Турција се најголемите светски производители на ароматичен тутун кој се бара на пазарот.
-
Економија 27.09.2026 10:05
Утре истекува мерката за намалено ДДВ за горивата – се очекува нова одлука за цените
Утре истекува мерката со која ДДВ-то за горивата беше намалено од 18 на 10 отсто, а во истиот период се очекува и нова одлука на Регулаторната комисија за енергетика за цените на горивата, која ќе важи во следните седум дена.
-
Економија 26.09.2026 19:05
Патна инфраструктура и гасовод за стопански развој
Забрзана патна и железничка инфраструктура и гасоводот се клучните за развој на Пелагониско-преспански стопански регион кој во БДП учествува со 14 проценти, заклучија денеска стопанските комори од Прилеп и Битола.
-
Економија 25.09.2026 16:35
Нови еврокодови за поквалитетна и побезбедна градба
Поквалитетна и побезбедна градба при проектирањето, изградбата и надзорот во градежништвото се очекува со воведување на втората генерација на евро кодовите. Градежниците велат-трошоците за градење при воспоставување на новите правила нема да ја зголемат значајно цената на квадратот.
-
Економија 25.09.2026 15:11
Народната банка и Хрватската народна банка разменуваат искуства за супервизијата над платежните услуги
Од 21 до 24 септември во Народната банка се одржа работилница во рамки на билатералната мерка „Payment Services Supervision“, во соработка со Хрватската народна банка, како дел од Програмата за зајакнување на капацитетите на централните банки во Западен Балкан.
-
Економија 25.09.2026 13:07
Дурмиши од Баку: Северна Македонија е производствена и извозна платформа за европските и регионалните пазари
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши учествуваше на Вториот Азербејџански меѓународен инвестициски форум – AIIF 2026, на панелот „Rebuilding Trust in a Fragmented World: Azerbaijan as a Strategic Gateway Between Regions“.
-
Економија 24.09.2026 17:16
Регионална конференција за иднината на небанкарското кредитирање
Македонската економија до крајот на годинава би можела да оствари економски раст меѓу 3,5 и 4%, и покрај глобалната енергетска криза. Но, стопанството смета дека сме исправени пред сериозни предизвици, па мора да сме подготвени за сите можни сценарија.










