Од денеска до 4 март во три саемски хали на Скопскиот саем ќе се одржи 14. Меѓународен саем на градежништво, градежни материјали и градежна механизација и 7. RealExpo - Меѓународен саем на недвижности.
-
Економија 28.02.2017 08:11
-
Економија 27.02.2017 16:38
Електронски увид во содржината на градежната парцела
Информации за секоја градежна парцела, за нејзината сопственост, содржина, што е изградено или предвидено да се гради, податоците се електронски достапни во Графичкиот регистар на градежно земјиште. Покрај графичкиот приказ има информации и за продажната цена на имотот и објектите во околината.
-
Економија 27.02.2017 16:29
Странските инвеститори имаат потреба од стручен кадар, субвенциите даваат ефекти
Моделот на привлекување на странски директни инвестиии по пат на субвенции е неопходен, пред сѐ поради енормната конкуренција од земјите во регионот, смета Штефан Петер претседател на Советот на странските инвеститори во земјава.
-
Економија 27.02.2017 14:57
Нова електронска услуга на Катастарот
Со новата електронска услуга за графички катастар граѓаните ќе имаат увид во урбанистичките планови на државава и во регистарот на градежно земјиште. Достапни се информации за секоја градежна парцела, за нејзината содржина, дали е истата слободна или е веќе реализирана.
-
Економија 27.02.2017 14:51
Мисајловски: Средства за Железници има, не можат да се исплатат додека трае штрајкот
Железничкиот сообраќај во земјава, патничкиот и товарниот, сѐ уште е во прекин. Вработените и денеска протестираат. Утрово имаа средба со в.д директорот Коруновски, кој им ветил дека ќе се сретне со владини претставници за да се најде решение за проблемот.
-
Економија 27.02.2017 13:18
Почна пријавувањето за субвенции за печки на пелети
Пријавувањето за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за купување печки на пелети за 2017 година почнува од денеска и ќе трае до 13 март годинава. Надоместот ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен’’, информира Град Скопје.
-
Економија 27.02.2017 09:43
Советот на странски инвеститори ќе ги презентира приоритетите за годинава
Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија денеска ќе информира за фокусот на нивната работа во оваа година.
-
Економија 24.02.2017 16:19
Надминување на кризата за повисоки стапки на раст во градежништвото
450 фирми членки на Градежната комора при Сојузот на стопански комори бараат од политичките чинители што побрзо надминување на политичката криза, за да може градежниот сектор да продолжи да бележи стапки на раст како и досега.
-
Економија 24.02.2017 15:42
Отворен саемот за традиционална храна и активен туризам
Крушевски локум, органски велешки мед, вина од мали тиквешки винарии, традиционални зачини може да се вкусат на Саемот за храна и активен туризам. Има интерес за органските производи, велат производителите. Цените се повисоки од оние на комерцијалните.
-
Економија 24.02.2017 15:02
Станбените згради и парцели во 3Д катастарски приказ
Станбените згради и парцели ќе добијат тродимензионален приказ во катастарскиот систем. Се воведува и висина при премерот на објектите. Новата визуелизација ќе овозможи реална слика, до каде се права врз недвижноста на сопствениците не само по површина туку и по висина и длабочина под земјата.









