Авио компанијата „Чех Ерлајнс“ повторно ќе лета од аеродромот „Александар Велики“. Како што велат од „ТАВ Македонија“, соработката се обновува по прекинот од неколку години поради преструктуирањето на чешкиот авиопревозник.
Вести
-
Економија 09.12.2015 10:46
-
Економија 09.12.2015 10:36
Американска компанија ќе гради инженерски центар во Македонија
Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски е во работна посета на САД, при што ќе оствари голем број директни средби со високи претставници на десетина компании, потенцијални инвеститори, на кои ќе им ги претстави можностите што ги нуди земјава за инвестирање.
-
Македонија 09.12.2015 10:25
Во 21 општина понудени под закуп 3.300 хектари
Почетната цена за земјоделското земјиште од прва и втора класа е 120, за трета и четврта 90, а за другите класи од 60 до 30 евра за хектар.
Доколку земјоделското земјиште се наоѓа повисоко од 1.000 метри надморска височина почетната цена е пониска.
-
Економија 09.12.2015 08:49
Советот на странски инвеститори ќе ги презентира економските резултати
Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија денеска ќе ги презентира последните извештаи за резултатите и проекциите за развој на македонската економија.
-
Македонија 09.12.2015 08:47
Катастарот го надгради електронскиот систем со нови хардверски решенија
Во Агенцијата за катастар на недвижности денеска ќе биде пуштен во употреба надградениот електронски систем со нови хардверски решенија.
-
Македонија 09.12.2015 08:42
Маглата го отежнува патниот и авиосообраќајот
Намалената видливост од маглата го отежна одвивањето на патниот и авиосообраќајот во дел од државава.
-
Свет 08.12.2015 16:44
Енормно загадување во Пекинг, прогласен црвен аларм
Поради енормното загадување, прогласени се највисоко ниво на тревога и црвен аларм во Пекинг. Училиштата се затворени, а забранети се и сите работи на отворено. Владата го ограничи движењето на автомобилите, на приватните возила им е забранет пристап во престолнината.
-
Македонија 08.12.2015 16:39
Груевски: Никој не смее да го заплашува народот, ќе се спротивставиме на секоја закана
„Народот не постои за политичарите, туку тие постојат за народот, кој одбира и решава“, вели премиерот Груевски. Според него, неприфатливи се заплашувањата од политичките опоненти кон пензионерите, земјоделците, социјално ранливите категории, бизнисмените, судиите, обвинителите, новинарите.
-
Економија 08.12.2015 16:25
Компании од Сингапур заинтересирани за инвестиции во Македонија
Македонија ги претстави инвестициските потенцијали пред сингапурската бизнис-заедница.
-
Економија 08.12.2015 16:18
Навремено раздолжување: Исплатени 150 милиони евра за еврообврзницата од 2005-та
Министерството за финансии исплати 150 милиони евра за еврообврзницата издадена во 2005- тата година. Досега со главнината исплатени се 219 милиони евра. Еврообврзница е издадена пред десет години со каматна стапка од 4,625 проценти.










