Кина планира да влезе со повеќе вложувања во Централна и во Источна Европа. Земјите – учеснички на Самитот се во трка за нов дел од финансискиот колач, вреден милијарди долари.
Вести
-
Економија 25.11.2015 14:12
-
Македонија 25.11.2015 13:52
Политички и бизнис средби на премиерот Груевски во Суџоу
Премиерот Никола Груевски го искористи кинескиот самит за повеќе билатерални средби со своите европски колеги.
-
Свет 25.11.2015 13:45
Иво Санадер излегува на слобода
Вонрасправниот совет на Жупанискиот суд во Загреб денеска го укина притворот на поранешниот хрватски премиер и шеф на ХДЗ Иво Санадер, кој веќе во текот на денот може да биде пуштен на слобода.
-
Свет 25.11.2015 13:42
Русија и ја прекина испораката на гас на Украина
Русија го прекина дотокот на гас на Украина поради тоа што не платиле навреме. Ова создава голема опасност за нарушување на испораката на Европа, објавила руската компанија Гаспром.
-
Економија 25.11.2015 13:34
Нова домашна инвестиција во Илинден- вредна 6,5 милиони евра
„Гранд Експорт- Скопје“, дистрибутерска компанија присутна на домашниот пазар 24 години, стартува со производство во индустриската зона „Илинден“. Ова е приватна домашна инвестиција од 6,5 милиони евра со најсовремена опрема и технологија.
-
Македонија 25.11.2015 13:07
Не запира мигрантскиот бран, потребна е координација за справување со кризата
Заеднички настап, техничка и оперативна координација за справување со мигрантската криза – побара француската амбасадорка во Скопје. Не се очекува да стивне мигрантскиот бран.
-
Свет 25.11.2015 12:50
Сириската војска го спаси вториот руски пилот
Еден од двајцата пилоти кои вчера се катапултираа од рускиот Сухој, кој беше нападнат од турскиот Ф-16, е спасен од сириската војска. Операцијата за спасување која траеше цела ноќ, е завршена успешно, изјави рускиот министер за одбрана Шојгу.
-
Свет 25.11.2015 11:55
Училиштата и метрото во Брисел повторно работат, безбедносните мерки и натаму на високо ниво
По четири дена, училиштата и метрото во Брисел повторно работат. Повеќе од 300 полицајци ќе бидат распоредени околу училиштата поради зголемената опасност од терористички напади.
-
Македонија 25.11.2015 11:44
МВР: Досега издадени речиси 280 илјади потврди за азил
Во последниве 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 1.794 странски државјани, од кои 905 се од машки пол, 322 се од женски, 483 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 84 деца кои патуваат без родит
-
Економија 25.11.2015 11:37
Нова банкнота од 20 евра во оптек
Европската централна банка (ЕЦБ) ја пушти денеска во оптек новата банкнота од 20 евра.










