Во Охрид почнува изградбата на затворениот базен, почеток што ќе биде означен од премиерот Груевски и од градоначалникот Бакрачески.
Вести
-
Македонија 12.11.2015 10:46
-
Македонија 12.11.2015 10:35
Прегазен пешак во Чаир
Изутрината пешак загина во скопската населба Чаир откако откако во него удрило возило „Опел астра“ со скопски регистарски таблички.
Пешакот, кој бил од Велес, по несреќата на улица „Вуковарска“ итно бил пренесен во скопскиот Ургентен центар, но им подлегнал на повредите.
-
Свет 12.11.2015 10:29
САД бараат екстрадиција на државјанин на Косово поради можен терористички напад
Границата меѓу компјутерскиот криминал и тероризмот станува се помала. Хакер од Косово украл досиеја на 1.000 американски војници и вработени во федерални агенции и ги продал на припадници на Исламската држава.
-
Македонија 12.11.2015 10:23
Закуп на оранжерии за производство на расад
На оглас се нуди државно земјоделско земјиште од 4 хектари во Богданци и 22 во Струмица. Можат да конкурираат физички и домашни и странски лица правни со изготвена програма или бизнис план.
-
Економија 12.11.2015 08:58
Компанијата „Мусала софт“ ќе ја објави одлуката за инвестирање во Македонија
Бугарската ИТ компанијата „Мусала софт“ денеска ќе ја објави одлуката за инвестирање во Македонија.
-
Македонија 12.11.2015 08:51
Најзагаден воздухот во Гази Баба, Тетово и Карпош
Гази Баба, Тетово и Карпош утрово се најзагадени општини во Македонија. Концентрациите на ПМ10 честичките се над 100 микрограми на метар кубен. Повисоки концентрации од дозволеното има и во воздухот во Центар, Лисиче, кај Ректоратот, Битола и во Кичево.
-
Македонија 12.11.2015 08:48
Прв дипломатски форум на ЦЕИ во Скопје
Прв дипломатски форум на Централноевропската иницијатива ќе се одржи денеска во Скопје во рамките на македонското претседавање со ЦЕИ.
-
Македонија 11.11.2015 17:43
Избрани новите министри и дополнителните заменици
Собранието ги изгласа новите министри и дополнителните заменици. СДСМ ќе ги води внатрешни работи и труд и социјала, а ќе има втори луѓе во уште три ресори.
-
Свет 11.11.2015 17:34
ЕУ ќе одвои 9,2 милијарди евра за справување со имигрантите
Европската унија во следните години ќе издвои 9,2 милијарди евра за справување со проблемот со имигрантите, како во рамки на ЕУ, така и надвор од нејзините граници, соопшти денеска во Њамеј еврокомесарот за меѓународна соработка Невен Мимица, јави ТАСС. -
Македонија 11.11.2015 17:20
Спасовски ја презеде министерската функција од Чавков
Новоизбраниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски попладнево ја презеде функцијата од претходниот министер Митко Чавков, соопшти МВР.









