Министерот за надворешни работи, Никола Попоски учествува на министерската конференција на земјите од Вишеградската група и Западен Балкан, што се одржува во Прага под покровителство на чешкото Министерство за надворешни работи, актуелен претседавач со Вишеградската група.
Вести
-
Македонија 13.11.2015 10:28
-
Свет 13.11.2015 10:25
Бејрут: Над 40 жртви во серија самоубиствени напади
Ден на жалост во Либан по вчерашните самоубиствени напади, во кои загинаа 43 лица, а повеќе од 200 се повредени. Локалните власти стравуваат дека бројот на загинати ќе расте бидејќи голем дел од повредените се во критична состојба. Има и исчезнати.
-
Свет 13.11.2015 10:20
Строга селекција на мигранти за влез во Германија
Никој не го знае точниот број на бегалци во Германија, соопшти претставникот на германската индустрија и трговија Томас Зелке во Вашингтон.
-
Економија 13.11.2015 10:15
Над 3.700 земјоделци го осигураа своето производство
До крајот на август беше пријавувањето за субвенции oд 60 проценти од вредноста на полисите за осигурување на земјоделското производство. Земјоделците поднеле 3.780 барања, што е зголемување за 63 отсто во однос на лани.
-
Македонија 13.11.2015 10:09
Петто рочиште за случајот „Пуч“
Во скопскиот Кривичен суд, петто рочиште за случајот „Пуч“. На досегашни четири, еден од обвинетите, Зоран Заев, не се појавуваше во судот.
-
Македонија 13.11.2015 10:07
Спасовски: Престануваат да важат овластувањата на раководните лица во МВР
Само 24 часа од поставувањето на функцијата министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вчера доцна попладне испратил телеграма до раководителите на организациските единици во Министерството, Бирото за јавна безбедност, до Централните полициски служби, до УБК и до сите сектори, со која преста
-
Култура 12.11.2015 23:57
„Ај Кју“ победници на фестивалот „Скопје 2015“
Победник на годинешното издание на фестивалот на забавни мелодии „Скопје 2015“ е групата „Ај Кју“ со песната „Убава“, која доби најмногу гласови од телевоутингот и стручното жири, според евровизискиот принцип на гласање.
-
Свет 12.11.2015 18:01
Во заедничка европска акција уапсени 17 џихадисти
Голема координирана меѓународна акција во повеќе европски држави. Италијанската полиција соопшти дека се уапсени седумнаесетмина кои се сомничат дека биле дел од меѓународна терористичка група и планирале терористички напади во повеќе земји.
-
Македонија 12.11.2015 17:55
20 години постоење на Центарот за податоци и информации на ЕУ
„Европската унија како глобален актер во екологијата“ - прва награда за темата на студентката Сара Симоновска од Економскиот факултет. Наградата ја доби на конкурсот за одбележување на 20 години од постоењето на Центарот за податоци и информации на високобразовната институција.
-
Економија 12.11.2015 17:42
Богов: Солиден раст на економијата
Главни причини за ревизија на проекцијата според Централната банка се полошите изгледи во надворешното окружување, послабиот глобален раст, влошената коњуктура, особено кај пазарот на метали и повисоката незивесност во домашната економија.










