Вести

  • Свет 12.11.2015 11:55

    Самит на лидерите на ЕУ и Африка во Малта, бараат решение за мигрантите

    Дводневен самит на лидерите на 60 земји од Европската Унија и од Африка во главниот град на Малта, Ла Валета. Главна тема на средбата се економските и безбедносните проблеми кои ги предизвикуваат бегалците од Блискиот Исток и Африка.

  • Македонија 12.11.2015 11:48

    Пожар на падините на Караџица

    Пожар од изутрината беснее на падините на Караџица, над селото Дејковец во општина Зелениково. Гори мешана шума на непристапен терен, а пожарот се заканува да зафати поголема шумска површина.

  • Економија 12.11.2015 11:38

    Нови 40 милиони евра достапни за македонските компании

    Преку Регионалниот фонд за иновации на македонските старт-ап бизниси, малите и средните претпријатија, ќе им бидат достапни вкупно 40 милиони евра. Канцеларијата на фондот во Скопје од денеска официјално почнува со работа.

  • Свет 12.11.2015 11:23

    Генерален штрајк во Грција

    Грција е под блокада. Работниците од државниот и приватниот сектор стапија во генерален 24-часовен штрајк. Затворени се сите владини институции, болниците работат со минимум персонал, јавниот превоз е сведен на минимум, а железничкиот, бродскиот и авиосообраќајот се во прекин.

  • Свет 12.11.2015 11:20

    Берлин да одговори на обвинувањата за прислушувањето на БНД

    Владата во Берлин треба да одговори на обвинувањата дали германската разузнавачка служба БНД прислушувала дипломати од земјата и од целиот свет, министри, германски дипломати, но и претставници на хуманитарни организации.

  • Македонија 12.11.2015 11:00

    Пензиониран полковник на АРМ проневерил 935.000 евра

    Пензиониран полковник на АРМ од Штип фатен во финансиски криминал тежок 935.000 евра. Бил главен актер и организатор на криминална група која не ги плаќала обврските кон државата. Според податоците од предистражната постапка, биле осомничени шест фирми.

  • Македонија 12.11.2015 10:46

    Премиерот Груевски во посета на Охрид

    Во Охрид почнува изградбата на затворениот базен, почеток што ќе биде означен од премиерот Груевски и од градоначалникот Бакрачески.

  • Македонија 12.11.2015 10:35

    Прегазен пешак во Чаир

    Изутрината пешак загина во скопската населба Чаир откако откако во него удрило возило  „Опел астра“ со скопски регистарски таблички.

    Пешакот, кој бил од Велес, по несреќата на улица „Вуковарска“ итно бил пренесен во скопскиот Ургентен центар, но им подлегнал на повредите.

  • Свет 12.11.2015 10:29

    САД бараат екстрадиција на државјанин на Косово поради можен терористички напад

    Границата меѓу компјутерскиот криминал и тероризмот станува се помала. Хакер од Косово украл досиеја на 1.000 американски војници и вработени во федерални агенции и ги продал на припадници на Исламската држава. 

  • Македонија 12.11.2015 10:23

    Закуп на оранжерии за производство на расад

    На оглас се нуди државно земјоделско земјиште од 4 хектари во Богданци и 22 во Струмица. Можат да конкурираат физички и домашни и странски лица правни со изготвена програма или бизнис план.

Pages