Нова авионска несреќа. Повеќе од 40 луѓе загинаа, откако се урна руски товарен авион „Антонов“ на оддалеченост од речиси километар од аеродромот во Џуба, во Јужен Судан. Портпаролот соопшти дека во несреќата има двајца преживеани, еден член на екипажот и едно дете.
Вести
-
Свет 04.11.2015 14:54
-
Култура 04.11.2015 14:48
Ќе се реконструира гледалиштето на театарот во Скупи
Започната е реконструкцијата и конзервацијатана сценската зграда на тетарот Скупи. Рокот за завршување е шест месеци. За гледалиштето идејниот прокет е завршен. Според динамиката во декември треба да се распише тендер за избор на фирма која ќе го реконструира гледалиштето на театарот Скупи.
-
Култура 04.11.2015 14:23
Концерт на „Рускиот Паганини“ со симфонискиот оркестар на ФМУ
„Рускиот Паганини“, како што го нарекуваат виолинистот Максим Федотов, вечерва настапува пред македонската публика, со симфонискиот оркестар на Факултетот за музичка уметност. „Скопје класик“- настан за кој секоја година се бара карта повеќе.
-
Македонија 04.11.2015 14:13
Поднесено обвинение за 29 лица за случувањата во „Диво насеље“
Половина година по терористичката пресметка во кумановската населба „Тоде Мендол“, подигнато е обвинение против 29-мина уапсени за тероризам. Освен за ова кривично дело, се товарат и за формирање терористичка организација.
-
Македонија 04.11.2015 13:48
Миновски нов директор на УЈП, Трајковски оди на друга функција
Кирил Миновски е назначен за нов директор на Управата за јавни приходи. Тој доаѓа на местото на досегашниот директор Горан Трајковски, кој заминува на друга функција.
-
Свет 04.11.2015 13:18
Романскиот премиер поднесе оставка
Романскиот премиер Виктор Понта поднесе оставка на функцијата. Го предавам мандатот, давам оставка, се надевам дека тоа го бараа луѓето кои вчера протестираа, изјави Понта, по состанокот со коалициската влада.
-
Свет 04.11.2015 13:17
Ерупција на вулкан и земјотрес во Индонезија
Вулканот Маунт Рињани на индонезискиот остров Ломбок исфрлил пепел и камења во височина од 3500 метри, а истовремено е почувствуван и силен земјотрес од 6,3 степени по Рихтер, јавува агенцијата Бета повикувајќи се на информациите од Националната агенција за ублажување на катастрофи.
-
Македонија 04.11.2015 13:11
Незири: ДУИ не излегува од Владата
Разговорите за повеќето точки што произлегуваат од политичкиот дијалог, одат во позитивна насока, а ДУИ не размислува за напуштање на владејачката коалиција, изјави шефот на изборниот штаб Беким Незири.
-
Економија 04.11.2015 13:07
Заем од 90 милиони евра за гасификација
За реализација на првата фаза од проектот „Гасификација на Македонија“ владата ќе земе заем од „Дојче Банка“ и „Ерсте Банка“ од 90 милиони евра. Предлог законот по скратена постапка треба да се разгледува од пратениците.
-
Македонија 04.11.2015 13:02
Хан: Нема преговарање за слободата на медиумите
За слободата на медиумите ЕУ не преговара со земјите пристапнички, тоа е нешто што мора да биде исполнето. Ваков заклучок на воведната сесија дадоа учесниците на „Спик ап“ конференцијата во Брисел на која тема се медиумите од Западен Балкан.










